Осум натпревари од квалификациите за ЕУРО 2016

Осум натпревари од 6.то коло од квалификациите за ЕУРО 2016 година ќе се одиграат вечерва во рамки на три групи. Најинтересен се очекува да биде дуелот меѓу Северна Ирска и Романија.

Лидерот на групата Романија гостува кај второпласираната Северна Ирска, а со триумф на домаќинот може да дојде до промена на врвот на табелата.

Распоред на натпреварите на вечерашните дуели:
Група Д: Република Ирска – Шкотска, Полска – Грузија и Гибралтар – Германија.
Табела: Полска 11 бодови, Шкотска 10, Германија 10, Република Ирска 8, Грузија 3, Гибралтар 0.
Група Ф: Финска – Унгарија, Фарски Острови – Грција, Северна Ирска – Романија.
Табела: Романија 13 бодови, Северна Ирска 12, Унгарија 8, Финска 4, Фарски Острови 3, Грција 2.
Група И: Ерменија – Португалија и Данска – Србија.
Табела: Португалија 9, Данска 4, Албанија 4, Србија 1, Ерменија 1. /МИА

Вицепремиерот на Малта, Крис Ферн поднесе оставка поради корупциски скандал

Ферн му рекол на малтешкиот премиер Роберт Абела дека поднесува оставка во национален интерес.

Вицепремиерот на Малта, Крис Ферн денеска поднесе оставка, откако против него беше покренато обвинение поради корупциски скандал поврзан со доделувањето владина концесија за управување со три државни болници на досега непозната здравствена групација во 2015 година.

Ферн му рекол на малтешкиот премиер Роберт Абела дека поднесува оставка во национален интерес без да биде одговорен за скандалот, а премиерот побарал од него да ја преиспита својата одлука, пренесуваат британските медиуми.

Ферн побара од Абела да се откаже од плановите да го номинира за член од Малта на следното свикување на Европската комисија (ЕК). /МИА

Лукашенко го разреши началникот на Генералштабот на вооружените сили на Белорусија

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска го потпиша указот за разрешување на началникот на Генералштабот на вооружените сили, Виктор Гулевич.

-Генерал-мајор, Виктор Гулевич е разрешен од должноста началник на Генералштабот на вооружените сили, прв заменик министер за одбрана. Соодветната уредба е потпишана од претседателот, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека Гулевич е разрешен од воената служба поради возраста, но дека го задржува правото да носи воена униформа.

Лукашенко вчера го критикуваше воено-индустрискиот комплекс (МИЦ) за, како што рече, лоши резултати. /МИА

Силјановска: Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со ЕУ

Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.

„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион„ се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.

притисни ентер