Осум новороденчиња загинале во пожар во Алжир

Осум новороденчиња загинале минатата вечер откако се запалило едно породилиште во централен Алжир, соопштија локалните власти.

Службеникот од цивилна заштита, Несим Бернауи рекол дека пожарот избил околу 3:50 часот.

Тој ја потврди смртта на новороденчињата и рече дека умреле како последица од гушење и изгореници.

Истрагата за причините за пожарот е во тек.

Кавадарци со 6.22 отсто излезност до девет часот, Росоман со 5.4 проценти

Кавадарци има 6.22 отсто излезност до девет часот, во Росоман 5.4 проценти, информираа од општинските изборни комисии.  

Во Кавадарци се гласа на 60 гласачки места, се гласа за претседател на државата и пратенички мандати, информираше претседателката на Општинската изборна комисија, Емилија Петровска.

Запишани се вкупно 31.982 избирачи за парламентарните избори, 31.926 за претседателските, со право на глас во Кавадарци.

- Согласно на законот, вчера ден пред претседателските и парламентарните избори, за гласање беа пријавени вкупно 155 лица во домашни услови, болни и немоќни, како и дванаесетмина од дом за стари лица, појасни Петровска.

Во Росоман се гласа на десет избирачки места.

- За потсетување, вчера, ден пред изборите, согласно на законот, гласаа 69 немоќни лица, соопшти претседателот на општинската изборна комисија, Зоран Костов.

Вкупно 3.300 избирачи се евидентирани во списокот за гласање на денешните избори во општината Росоман.

Израелски борбени авиони нападнаа воени постројки на Хезболах

Израелската армија денеска соопшти дека нејзини воени авиони синоќа нападнале воени објекти на либанскиот Хезболах.

На платформата „Икс“ беа објавени видеа и список на нападнатите области „Кфар Кила, Ајте ал Шаб, Киама и Марун Ел Раса“.

Погодена е и инфраструктурата во областите на југот на Либан, како што се наведува, со цел „да се отстранат заканите во Таир Харфа и Џибејн“.

Израел и проиранскиот шиитски Хезболах, сојузник на палестинскиот Хамас, редовно разменуваат оган од 7 октомври минатата година, кога палестинските екстремисти предводени од Хамас ја нападнаа јужната израелска територија, по што почна војната во Газа.

Променливо облачно, попладне дожд, грмежи и град

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време, попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. 

Локално, процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 26 степени.

Во Скопје променливо облачно. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.

Максималната температура ќе достигне 25 степени.

притисни ентер