Детето , по овој повторен инцидент , е пратено на психолошко советување.
Полицијата од Дортмунд соопшти дека детето околу полноќ ги украло клучевите од Голфот на мајка му и се возело од својот роден град Зост до Дортмунд , оддалечен 50 километри со брзина од 180 км/час.
Еден взач го пријавил во полицијата дека вози низ Дортмунд , поминувајќи на црвено на семафорите и не гледајќи ги знаците.
Додека полицијата била во потрага по детето низ градот , тој веќе почнал да вози по автопатот. Но , на паркинг се залетал во паркиран камион .
Никој не е повреден , освен што Голфот е тешко оштетен.