Oткриен град од 4 век на локалитетот градиште во Mладо Нагоричане

Пред два месеца археолозите при ископувањата на локалитетот Градиште во Младо Нагоричане откриле агријански град кој датира од 4 или 3 век, а развојот го доживеал во 5 односно 4 век.

Според нив треба уште да се истражува бидејќи станува збор за повеќеслоен град кој во 3 век има слој на уривање и палење како што велат тие, од келтските наезди од север. Подоцна истиот бил обновен, но никогаш не заживеал како што се развивал до неговото спалување.

- Ископавме дел од една комплексна градба за која сè уште не се знае од каков тип е. Евидентно е дека тој што ја користел бил богат, поради употребата на камени архитектонски делови кои што ги наоѓаме во парчиња, а кои зборуваат дека кој и да живеел имал очигледни врски со она што се случувало на југ. Имаме и некои елементи од камената пластика, па и од други движни наоди кои јасно укажуваат дека и овој регион бил вклучен во тој медитерански свет, барем во поглед на цивилизираноста - изјави Дејан Ѓорѓиевски, археолог во кумановскиот Музеј.

Археолозите од кумановскиот Музеј, велат дека сеуште е рано да се работи на туристичко експонирање бидејќи треба да се отвори што поголем дел од овој локалитет, а досега се отворени само 400 метри квадратни.

- Се наоѓа во близина на археолошкиот локалитет којшто лани продолживме да го работиме Црквиште во Клечовце и локалитетот Визианус. Тој дел околу Клечовце, Макреш, Младо Нагоричане, е пребогат со локалитети и добро е што и овој дел од македонија се инвестира. Очекуваме дека самата близина со магистралниот пат кон Бугарија, потоа има најава да се направи пругата којашто води кон Бугарија и автоматски заживува овој локалитет и станува добро место за развој на туризам – изјави Дејан Ѓорѓиевски, археолог во кумановскиот Музеј.

Ова е еден од капиталните проекти на Владата на Македонија. Инаку, општината Старо Нагоричане во последно време го добива епитетот на туристичко место поради тринаесетте културни локалитети како што е црквата „Св. Ѓорѓи“ од 14 век, испосницата на Прохор Пчински, Костоперска карпа, мегалитската опсерваторија Кокино, лековитата вода во селото Стрновец, како и неколкуте манастири и цркви во Младо Нагоричане.

Баер им нуди на навивачите бесплатни тетоважи

Специјална акција на крајот на специјалната сезона. 

Баер Леверкузен им понуди денеска на своите навивачи бесплатни клупски тетоважи со кои ќе ја одбележат сезоната во која тимот предводен од Чаби Алонсо е во рекордна серија без пораз, а ја освои шампионската титула во Бундеслигата и е во борба за уште два трофеи – во германскиот Куп и во Лига Европа.

„Специјална акција на крајот на специјалната сезона. Баер 04 им нуди на навивачите можност до крајот на сезоната да изберат една од многуте тетоважи на Баер 04 бесплатно. Резервирајте го вашиот термин веднаш и овековечете ја оваа единствена сезона на вашата кожа“, стои во соопштението на клубот.-

Тимот на Чаби Алонсо без пораз е оваа сезона на 49 натпревари во сите натпреварувања, надминувајќи го долгогодишниот европски рекорд на Бенфика поставен од 1963 до 1965 година.

Откако ја запечати својата прва титула во Бундеслигата, Баер Леверкузен вчера се пласираше во финалето на Лига Европа во кое за противник ќе ја има Аталанта, а ќе игра и во финалето на Купот на Германија во кое ќе се соочи со второлигашот Кајзерслаутерн. /МИА

Две лица загинаа на југот на Либан од израелски дрон

Две лица беа убиени денеска од израелско беспилотно летало во либанско село во пограничната област каде во последните денови се интензивираа воените активности.

-Државната Национална новинска агенција објави дека болничар и вработен во телекомуникациска компанија биле убиени од дрон во Теир Хараф, на три километри од границата, пренесе Бета.

Во четвртокот, четворица членови на борбеното движење Хезболах беа убиени во сличен напад врз возило во едно либанско село.

Група поврзана со сојузникот на Хезболах - организацијата Амал на претседателот на либанскиот парламент Набих Бери, денеска објави дека нејзин член, болничар, бил убиен за време на должноста во јужен Либан. /МИА

Американската полиција ги растера демонстрантите од МИТ и од Универзитетот Пенсилванија

Американската полиција утрово ги растера студентите кои протестираат против војната во Појасот Газа на уште два престижни американски универзитети.

Најмалку десет лица се приведени во Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) во близина на Бостон. Додека на Универзитетот Пенсилванија во Филаделфија, полицајците со тактичка опрема насилно отстранија неколку десетици студенти кои се држеа за рацете околу статуата на Бенџамин Френклин.

Како што јавија американските медиуми, студентите не пружале отпор при апсењето на ниту еден Универзитет и двете полициски акции поминаа беа релативно мирни, јавија американските медиуми. /МИА

притисни ентер