Откриена пораката која принцот Чарлс и ја испратил на Дијана ноќта пред венчавката

Седумдесеттиот роденден на принцот Чарлс предизвика интерес за откривање на нови детали од неговиот приватен живот.

Пети Јунор, кралската биографка тврди дека ноќта пред венчавката принцот Чарлс и испратил порака на Дијана во дворецот Кларенс хаус, каде таа претстојувала со својата сестра Џејн.

Иако Чарлс знаел дека венчавката е голема грешка принцот сепак и испратил порака за поддршка на тогаш 19-годишната Дијана, за да ја охрабри пред големиот ден.

„Многу сум горд на тебе и утре те чекам пред олтарот.Само сите погледни ги во очи и собори ги од нога, напишал Чарлс во пораката.

Нивниот однос започнал да се нарушува уште пред венчавката кога Дијана открила дека Чарлс се уште е заљубен во Камила. Наводно принцезата Дијана дури сакала и да ја откаже венчавката , но нејзиното семејство и рекло дека е веќе предоцна за такво нешто.

Јанчев доби извинување од кавадарчанецот, кој беше приведен поради закани кон него

Кавадарчанецот кој синоќа во локал му се закануваше на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев денеска во неговиот кабинет и лично му се извини дека се било последица на лошо пијанство во комбинација со лекарствата кои ги пиел. 

Кавадарчанецот кој е на возраст од 35 години синоќа од полицијата бил лишен од слобода, заради агресивното однесување и заканите кон градоначалникот Јанчев. Тој откако го здогледал автомоилот на граодначалникот влегов во угостителскиот објект скршил чаша, почнал да удира по масата и да го навредува и да му се заканува на градоначалникот. За целиот тој случај тој денеска со длабоко жалење прво на телефон а потоа и во кабинетот дошол да се извини.

Градоначалникот Јанчев го примил во својот кабинет на разговор како што вели за преку дијалог да видат во што е проблемот и дали може некако да му помогне.

Јанчев појасни дека е неприфатливо агресивното однесување кога за сите кои имаат било какви проблеми вратите на неговиот кабинет како градоначалник се во секое време отворени а и на улица било кој и да му се обрати ќе се најде време да го сослуша бидејќи функцијата која ја извршувува е во служба на граѓаните.

Светски ден на пчелата: Да се намали употребата на пестициди

Човештвото мора да даде поголемо значење и почит на пчелите кои се најважниот единствен вид опрашувач во светот, обезбедувајќи растителна храна на луѓето и голем број животни.

Ова е ставот на експерти од Земјоделскиот факултет и производители на мед, по повод Меѓународниот ден на пчелата, 20-ти мај. Тие апелираат – земјоделците да не користат забранети препарати при прскање на своите насади, бидејќи со тоа сериозно го загрозуваат опстанокот на пчелите.

Дополнителен проблем за пчелите, но и целокупното производство на мед, според производителите, се и климатските промени.

Дека климатските промени се најголем непријател на пчелите покажувааат податоците од Агенцијата за храна и ветеринарство. Според нив, во 2022 година во земјава имало 290.879 пчелни семејства, за седум отсто помалку во споредба со 2021 година. Кога станува збор за производството, во 2018 година биле произведени околу 560 тони мед, а во 2021 година само 140 тони мед.

Инаку, пчелите работнички живеат до 40 дена и за тој период произведуваат една лажица мед. За луѓето една лажица мед, а за пчелата цел живот.

ЦУК: Пожарникари извлекувале човек паднат во река, вода од подруми, дворови, лифт

Поплавени подруми, дворови, лифт во станбена зграда по поројните дождови низ Македонија. Околу 3.000 повици биле упатени кон Центарот за Управување со кризи за време на викендот. 

Во текот на вчерашниот ден, битолските пожарникари извлекле паднат човек од реката Драгор, кај месноснта „Сали Мост“, кое според ЦУК не се здобило со повреди, благодарение на брзата интервенција на пожарникарите. Од Центарот за Управување со кризи и денеска со апел до граѓаните при појава на поројни врнежи од дожд проследени со силни електрични празнења да бидат исклучително внимателни.

„Да се избегнува движењето во засеци во природата, посебно во ридест дел, суводолиците да се избегнуваат, тоа се старите корита кои може да се наполнат со вода, дури и да нема дожд во близина. И да не се оди многу блиску до речни корита, и особена внимателност треба при врнежите и молњите, односно при силните електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. “ --изјави Илија Бојаровски – ЦУК.

Нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи според најавите од УХМР ќе има до среда. Наместа врнежите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со залислен ветер, кој во текот на утрешниот ден велат од УХМР ќе биде посилен. Наместа можна е и појава на град. Преодно стабилизирање на времето се очекува в петок, додека за време на викендот од УХМР со најава за нови врнежи од дожд.

„Посилен ветер ќе имаме веќе во утрешниот ден и тоа долж повардарието во текот на денот и повеќе нестабилност во западниот и северниот дел од земјата. Утре наутро температурите ќе бидат од 10 до 16 степени за степен два пониски од денешниве, денешниве сепак беа над просек високи температури. А дневните ќе се искачуваат до 27 степени. Во среда веќе ќе имаме температура до 30тиот степен но сепак и натаму ќе биде нестабилно.“ -изјави Борис Секирарски – УХМР .

Невремето кое ја зафати Македонија за време на викендот не направи значителни штети врз земјоделските насади. Засега надлежните институции не добиле пријави од граѓани, велат вода фалеше и дождот е добредојден.

притисни ентер