Отпадок од Меѓународната вселенска станица влета во куќа во Флорида (ВИДЕО)

Предмет од Вселената, поточно најверојатно од Меѓународната вселенска станица - МВС, паднал врз семејна куќа на Флорида, пробивајќи го покривот и два ката.

Се работи за парче вселенско-орбитална опрема, веројатно дел од батерија што отпаднал од МВС, како што се верува, т.е. од Земјината Орбита „залутал“ во атмосферата на Земјата, навлегувајќи во воздушниот простор над Мексиканскиот Залив.

Неколку минути подоцна завршил во куќа во Нејплс, Флорида, САД. Астрономот Џонатан Мекдауел објави фотографии од објектот што се забил во приватната куќа. Во несреќата нема повредени, објави „АОЛ".

Сопственикот на оштетената куќа во мигот на несреќата бил на годишен одмор, но во куќата бил неговиот син кој му се јавил и го известил за настанатата штета.

Веста за кусо време стигнала до НАСА, чии претставници го презеле предметот заради анализа и утврдување на неговото потекло. Тој сега се чува и се испитува во Вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида.

Левандовски: Мбапе е пример за младите, јасно им дава до знаење дека не е важен само фудбалот

Фудбалерот на Барселона, Роберт Левандовски ги пофали квалитетите на Килијан Мбапе.

- Ако го споредите Килијан со други играчи, разбирате дека тој зборува различен јазик. Јасно им дава до знаење на младите играчи дека фудбалот не е единственото нешто што е важно. Тој е и пример за личност, покажувајќи дека не е важно само фудбалскиот терен, туку и она што е во вашата глава. Многу паметен човек кој има многу јасна идеја за тоа што сака да прави и како сака да го прави тоа. Патот по кој оди е јасен. Тој е паметен не само како играч, туку и како личност. Го почувствував тоа кога првпат го видов пред неколку години. Ми остави впечаток. Можете да зборувате за многу нешта со Килијан, изјави полскиот фудбалски ветеран.

Мбапе е член за Пари Сен-Жермен, капитен на француската фудбалска репрезентација и важи за еден од најдобрите фудбалери на светот.

По крајот на сезоната извесно е дека Мбапе ќе направи трансфер во Реал Мадрид.

Последна претседателска дебата – вечерва по централните вести на Канал 5

Попладнево во Канал 5 се снимаше последната дебата на кандидатите за претседател.

Соочувањето ќе се емитува веднаш по централните вести во 18.30, а самата дебата е поделена на два дела.

Практично на само некоколку часови пред молкот, Канал 5 е местото каде што Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова ќе ги соочат аргументите и ќе ги испратат последните пораки до граѓаните.

Арсовска: Најголем дел од медиумите не ни дадоа можност да ја претставиме нашата програма

Носителката на листата на Нова Алтернатива за изборна единица 1 Данела Арсовска, денеска на прес конференција кажа дека нивната партија освен на две национални телевизии нема можност на друго место да ја презентира својата програма.

притисни ентер