Отворен 53. Балкански фестивал на народни песни и игри во Охрид

Народната игра и песна како дел од фолкорот и дел од севкупното духовно творештво на еден народ се значаен субјект на националниот и културниот идентитет на секој народ, имуни на времето, државните граници и дневно-политичките случувања. Тоа го порача вчера на отворањето на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во Охрид претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, покровител на манифестацијата.


Вељаноски укажа на потребата како држава, но и како поединци, да се залагаме и ангажираме за зачувување, негување и промоција на се што значи традиција и културни обележја, како дел од европската култура и севкупното цивилизациско и културно наследство.

- Македонскиот народ досега секогаш успевал, назависно околностите, да го зачува највредното и да го пренесе на поколенијата...Да го сочува својот национален и културен идентитет. Чувајќи го и пренесувајќи го на генерациите, македонскиот народ секогаш ги ценел и уважувал различните културно особености, гледајќи на нив како на цивилизациско богатство, истакна тој.

Гостите на отворањето на фестивалот на сцената на Долни Сарај ги поздрави и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, посакувајќи им добредојде на учесниците на Балканскиот фестивал, успешни настапи, додека на публиката прекрасни моменти и уживање во песната и игрите на ансамблите од Македонија, Грција, Турција, Србија, Хрватска, Црна Гора, Австралија и Полска.

- Охрид овие денови ќе сјае во колоритот на носиите и ќе ве разгалува со игра и песна на многу народи, во чија основа лежи фолклорот како еден од најзначајните темели на специфичните култури и насионални идентитети... Амбиент кој обединува и ја промовира општоцививилизациската придобивка на создавање единство во различностите, истакна Бакрачески.

И оваа година честа да го отвори фестивалот му припадна на Националниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“, заедно со фолклорниот ансамбл „Гоце Делчев“ од Неврокоп, Република Бугарија.

Балканскиот фестивал на народни песни и игри е еден од ретките манифестации од тој вид во регионот што опстојува веќе пет децении и успева да го задржи високото реноме, притоа покривајќи ги сите трошоци за престој на учесниците на фестивалот.

Родителите преплашени по нападот со нож во училиште во Кина- најмалку две лица загинале

Најмалку две лица загинаа, а 10 се повредени во напад со нож во основно училиште во кинеската провинција Џиангкси.

Полицијата соопшти дека жената (45) го извршила нападот употребувајќи нож за салата. Во меѓувреме била уапсена.

Нападот се случил околу пладне по локално време, но се уште не е познато дали меѓу жртвите има и деца.

По веста за нападот, родителите веднаш се упатиле кон училиштето и го опишале својот страв и шок.

„Дознав околу пладне, бев многу шокиран. Моето дете е петто одделение и безбедно си стигна дома, но училиштето не нѝ извести за ништо и сѐ чува во тајност. Се враќам да го утешам детето и да дознаам што точно се случило“, рече еден родител за Би-Би-Си.

Друг татко рекол дека е многу исплашен и дека не се исплашени само децата, туку и возрасните.

"Наставниците добро реагираа - веднаш објавија фотографии од децата во родителската група, рекоа дека децата се безбедни и веднаш ја заклучија вратата. Ги замолија родителите да дојдат да ги земат", рекол друг татко.

Тој додаде дека наставниците им рекле дека нападот е под истрага и дека не знаат повеќе детали.

Официјално: Ливерпул најде замена за Клоп, од 1 јуни на неговото место доаѓа Арне Слот

Денови на промени во Ливерпул.

Откако Јирген Клоп го одигра својот последен меч со „црвените“ во неделата против Вулверхемптон Вандерерс, клубот денеска откри дека негов официјален наследник ќе биде долгогодишниот шеф на стручниот штаб на Феенорд, Арне Слот.

Тој ќе ги преземе своите обврски на 1 јуни 2024 година, а Ливерпул успеа да се договори со Феенорд за сите детали.

Специјалистот со холандско потекло пристигнува во Ливерпул по големиот успех во Феенорд, каде што го предводеше тимот до титулата во 2023 година, а двапати беше прогласен за тренер на годината во Ередивизие.

Годинава го освои холандскиот куп со Феенорд, откако тимот во финалето го совлада НЕЦ Најмеген со минимален резултат.

Покрај тоа, Слот во текот на кариерата беше тренер на АЗ Алкмар со кого што го освои второто место, веднаш зад Ајакс со кого беше израмнет по бодови, но не и во гол разлика.

Тој ќе стане и првиот шеф на стручниот штаб на Ливерпул кој доаѓа од Холандија, а всушност ќе започне со работа во јули за време на подготовките.

САД изразија сочувство за смртта на иранскиот претседател

Соединетите Држави денеска испратија „официјални изрази на сочувство“ за смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и други официјални лица во хеликоптерска несреќа, објави Стејт департментот.

„Додека Иран избира нов претседател, ние ја потврдуваме нашата поддршка за иранскиот народ и неговата борба за човекови права и основни слободи“, рече портпаролот на Стејт департментот Метју Милер во соопштението.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека нема увид во причината за хеликоптерската несреќа во која загина иранскиот претседател Ебрахим Раиси, додавајќи дека не мора да го гледа поширокото влијание на тој настан врз регионалната безбедност.

„Не можам да шпекулирам што би можело да биде причината“, им рече Остин на новинарите.

Американскиот Стејт департмент додаде дека САД ќе продолжат да се спротивставуваат на поддршката на Иран за тероризмот, ширењето на опасно оружје и унапредувањето на неговата нуклеарна програма.

притисни ентер