Отворена пролетната сезона во македонското пингпонгарско првенство

Со Мастерс турнири во младински категории викендов во Прилеп почна пролетниот дел од сезоната во пинг-понг.

На турнирот Телеком Мастерс 1 во категорија помлади од 15 години најдобро пласирани беа:

Машки:

1. Кристијан Каламадевски - ППК Зегин Берово

2. Дарко Китановски - ППК Пелагонија

3. Мартин Ристески - ППК Младост 96

3. Давид Јоноски - ППК Младост 96

Женски:

1. Фани Јованоска - ППК Зегин Берово

2. Моника Стајковска - ППК Зегин Берово

3. Матеја Смолиќ - ППК Рисови

3. Сара Ризовска - ППК Зегин Берово

Пласман на најдобрите на Телеком Мастерс 1 во категорија помлади од 13 години и помлади од 19 години:

Машки:

1. Мартин Ристески - ППК Младост 96

2. Трајче Маркоски - ППК Младост 96

3. Андреј Бејковски - ППК Пелагонија

3. Кристијан Митев - ППК Пелагонија

Женски:

1. Љубица Смилеска - ППК Крушево

2. Бојана Јовевска - ППК Зегин Берово

3. Елена Марковска - ППК Младост

3. Ана Смолиќ - ППК Рисови

Победници на У19 беа следните:

Машки:

1. Александар Јакимовски - ППК Крива Паланка

2. Лука Стојчев - ППК Младост

3. Нико Доага - ППК Младост

3. Борис Секулов - ППК Астраион

Женски:

1. Софија Хасану - ППК Младост

2. Матеја Смолиќ - ППК Рисови

3. Моника Стајковска - ППК Зегин Берово

3. Сара С. Стојановска - ППК 10 60 АС Ѓорче Петров.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер