Отворена Третата меѓународна конференција BalkanCom 2019 посветена на 5G технологијата

Во Скопје официјално е отворена Третата меѓународна конференција од областа на телекомуникациите BalkanCom 2019 која годинава е посветена на 5G технологијата.

За време на нејзиното одржување, релевантни истражувачи и експерти ќе дискутираат за предизвиците и можните решенија на актуелната 5G технологија, а конференција нуди можност и студентите активно да се вклучат во елаборирањето на концептите на идните телекомуникациски системи.

Според професор д-р Лилјана Гавриловска од Факултетот за електротехника и информациски технологии, 5G технологијата ќе овозможи подлога за иновативен развој и растеж во многу домени на секојдневието и ќе внесе интензивна промена во начинот на функционирање и комуникација.

И министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, кој се обрати на отворањето на конференцијата, смета дека 5G ќе промени цели индустрии.

– Овие сектори ќе бидат целосно трансформирани со дигитални автопатишта за комуникација, компјутерска моќ и мрежи на сензори. Автоматизацијата во голема мера ќе зависи од функционалните и безбедните 5G мрежи. Поединци и машини ќе комуницираат и ќе споделуваат информации на начин непознат до сега. Нема да има многу човечки активности, што не е поткрепено со сајбер-инфраструктура, истакна Манчевски на отворањето на конференцијата.

Осврнувајќи се на активностите и политиките на Владата во делот на дигитализацијата, Манчевски посочи дека на почетокот на годинава е усвоен Националениот оперативен бродбенд план усогласен со стратешките цели на ЕУ.

– Врз основа на користењето на јавните средства, како и инвестициите на операторите во наредните три години, се проценува дека до крајот на 2023 година, најмалку еден град ќе биде покриен со 5G сигнал, а до крајот на 2027 година сите градови во државата ќе бидат покриени со непрекинат сигнал од 5G, а до крајот на 2029 година секој граѓанин ќе има пристап до 5G интернет со минимум брзина од 100 Mbps", нагласи Манчевски.

За главниот извршен директор на „Македонски телеком", Никола Љушев, 5G технологијата ќе значи нов инвестициски циклус и изградба на нова мрежна инфраструктура, но само на тој начин може да се создаде одржлив екосистем кој ќе даде нова вредност, поголема продуктивност и трошковна ефикасност.

– Во соработка со академската заедница ќе ги истражуваме и продлабочуваме можностите за користење на 5G, очекувајќи одговорните институции да бидат генератори на политики кои ќе донесат забрзана дигитализација на општеството, како и развој на комуникациските и на информатичките технологии. Светот глобално се менува и сите ние како креатори на новото дигитално општество имаме одговорност да ја ставиме технологијата и иновациите во служба на граѓаните и целото општество, рече Љушев.

Првата ваква конференција е одржана во 2017 година во Албанија, а минатата година домаќин на конференцијата била Црна Гора.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер