Отворени првите Европски Олимписки Игри

Во Баку синоќа беа свечено отворени првите Европски Олимписки Игри. На свеченото отворање македонското знаме го носеше каратистот Емил Павлов.

Покрај тоа што беше знаменосец Павлов ќе ја има и таа чест прв да се појави и на борилиштата од македонските спортисти. Тој денеска за ривал ќе го има Евгениј Плахутин од Русија, а вториот наш претставник денеска Мартин Несторовски ќе има борба против Спиридон Маргаритопулос од Грција.

Македонската делегација на Игрите ја претставуваат 45 спортисти, а на стартот беа присутни само дел кои ќе настапуваат во првите денови.

На Европските игри се очекува учество на околу 6.000 спортисти во 20 спортови, а ќе бидат присутни од 50 држави од Европа.

Свеченоста на отворањето на стадионот ја следеа 68.195 гледачи. Првите Европски Игри ќе се одржуваат од 12 до 28 јуни. /МИА

НБА: Далас и Кливленд израмнија во плејоф сериите на Истокот и Западот

Кошаркарите на Далас израмнија на 1:1 против Оклахома во полуфиналето од плејофот на Западната конференција во НБА лигата, откако утринава победија со 119:110.

Далас го предводеа Лука Дончиќ со 29 поени, 10 скокови и седум асистенции и Пи Џеј Вашингтон со 29 поени, 11 скокови и четири асистенции.

Во тимот на Оклахома, која го претрпе првиот пораз во плеј-офот сезонава, најефикасен беше Шеј Гилџес-Александер со 33 поени, додавајќи 12 скокови и осум асистенции.

Следниот трет натпревар се игра в сабота вечер, а домаќин ќе биде Далас.

На 1:1 во серијата до четири победија израмнија и кошаркарите на Кливленд против Бостон во полуфиналето од плејофот на Источната конференција, откако победија со 118:94.

Донован Мичел го предводеше Кливленд со 29 поени, осум асистенции и седум скокови.

Третиот натпревар ќе се игра во Кливленд ноќта меѓу сабота и недела.

Галатасарај сака да го задржи Зијеш

 Турскиот фудбалски гигант Галатасарај е задоволен од настапите на Хаким Зијеш и планира да му понуди постојан договор на 31-годишниот марокански репрезентативец.

Мароканскиот напаѓач настапува за Галатасарај како позајмен фудбалер од Челзи.

Според турските медиуми, тимот од Истанбул е подготвен да го откупи неговиот договор со лондонскиот клуб и да го задржи Зијеш во своите редови.

Оваа сезона Зијеш одигра 21 натпревари на кои постигна осум голови и додаде четири асистенции.

Лајчак во Њујорк разговараше со Гутереш и Франсис за ситуацијата во Западен Балкан

 Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, разговараше во Њујорк со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и со претседателот на 78. заседание на Генералното собрание на ОН, Денис Френсис.

Тема на разговорите била ситуацијата на Западен Балкан и претстојната работа на Генералното собрание на ОН.

Лајчак го информираше Гутереш за неговата работа и посочи дека го цени разбирањето на Гутереш за развојот на настаните во Западен Балкан.

„Имав можност да го информирам за мојата актуелна работа и благодарна сум за неговиот голем интерес и длабокото разбирање за развојот на настаните во Западен Балкан“, напиша Лајчак синоќа на платформата Х.

Лајчак изјави дека разговорот со Францис бил корисен и во вистинско време, кога Западен Балкан е позастапен од претходно на агендата на Генералното собрание на ОН.

По средбата, Францис на мрежата Х напиша дека со Лајчак разговарал за претстојната седница на Генералното собрание, вклучувајќи ја и нацрт-резолуцијата за Сребреница.

притисни ентер