Пациентите со цистична фиброза најавуваат нови протести–доколку не се обезбеди лекот „трикафта“

Голем дел од пациентите со цистична фиброза сеуште го чекаат лекот „Трикафта“ кој за нив значи живот. 

Тие се изреволтирани бидејки рокот од три месеци, кој што беше ветен за решавање на нивните проблеми изминува овој месец.. Од асоцијацијата за цистична фиброза велат дека не им преостанува друг избор, освен да излезат на протест.

„За жал сеуште има еден статус кво со донесување на модуларната терапија за останатите пациенти и пациентите навистина се исплашени и револтирани бидејки се случи застој и молк на кој никој ништо не ни одговара што се случува до каде е процесот и што ние може да направиме за да ги забрзаме овие процеси бидејки сепак станува збор за човечки живот.„--Ивана Атанасовска, претседателка на Асоцијација за цистична фиброза.

Во меѓувреме Министерот за здраство Фатмир Меџити уверува дека решение за пациентите ќе има за неколку недели. Најави и посебен центар кој ќе биде наменет специјално за пациенти со цистична фиброза, а не како досега да бидат третирани на детската клиника.

-Од првиот ден се зафативме со тој проблем. Сите подготовки веќе се при крај и за тоа во наредните недели ќе излеземе со комплетен предлог, конкретен центар кај ќе се лекуваат, најсовремен досега и тој проблем веќе мислам дека пополека ќе го решиме. “ -изјави Фатмир Меџити, министер за здравство.

Меџити изјави дека одлуката кој од пациентите ќе прима терапија, секогаш е на стручните кадри и на комисијата.

Од Асоцијата за цистична фиброза велат дека иако надлежните најавиле, тие се уште не вклучени во работните групи и комисиите кои треба да донесат конечно решение околу набавката на лекот „Трикафта“ но и околу планот за тоа како ќе се лекуваат болните од цистична фиброза.. според асоцијацијата, за сите 120 пациенти, државата мора да најде начин да го обезбеди лекот трикафта.

Пуштен во употреба новиот парк на булеварот „Февруарски поход“ во Аеродром

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, со интонирање на македонската химна и подигнување на македонското знаме, денеска официјално беше пуштен во употреба новиот парк лоциран на булеварот „Февруарски поход“ во Општина Аеродром.

На денешниот настан присуствуваше градоначалникот на Општина Аеродром, кој заедно со претседателот на советот Дејан Митески, извидниците и дечињата од детската градинка „Буба Мара“, го означија крајот на изведбата на еден важен проект реализиран од страна на општинското јавно претпријатие за комунални дејности.

Работните активности опфатија целосно хортикултурно и партерно уредување, поставување на нова урбана опрема, како и јарбол со македонското знаме.

Маричиќ: Сега е потребно да дадеме глас ЗА продолжување на преговорите со ЕУ

ЗА реформи, ЗА европски фондови, ЗА европска иднина на Македонија.

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и кандидатот за пратеник Бојан Маричиќ во својата изјава за медиуми посочи дека СДСМ е најсериозната и единствената политичка опција во Македонија која може да обезбеди продолжување на преговорите со ЕУ.

Во продолжение проследете ја изјавата:

"Со отворање на поглавјата, со сплотеност и со дисциплина за реформите, влегуваме во финиш на промените кои ни носат европски стандарди и европски квалитет на живот. Преговорите ни носат задолжително реформирање на јавната администрација и подобрување на стручноста на државните службеници.

Стабилен и доверлив судски систем, заштита на човековите права и борба против корупција. Ова ќе го обезбедиме низ преговорите, со помош од ЕУ. Со отворање на поглавјата се отвораат и нови фондови на ЕУ за подобрување на нашиот живот. Фондови за економски мерки, за земјоделство, за инфраструктура, за животна средина, за култура, за образование, за млади и уште многу повеќе.

До крајот на 2025 година очекувам за македонското општество, за граѓаните и за државата, да искористиме околу 500 милиони евра од ИПА2 и уште 200 до 300 милиони евра од ИПА3, пари доделени од Европската Унија.

За македонските земјоделци имаме над 210 милиони евра годишен од ИПАРД 3 за следните четири години.

Сега зависи само од нас. Сега е потребно да дадеме глас ЗА продолжување на преговорите со ЕУ, ЗА реформи, ЗА европски фондови, ЗА европска иднина на Македонија." - изјави Маричиќ.

Стоилковски: Дали предметот на ЈО е одговорот како Каевски стекна стан и 4 милиони во банка?

Дарко Каевски ниту еднаш не одговори во јавност,како со првото вработување, како партиски подмладок за директор на АМС, на 30 години набилда четири милиони во банка и сопствен стан?

СДС ниту еднаш не објасни како дојде до концептот голтари влезени во политиката, а потоа милионери.

Почитувани, одговорот можеби е во предметот на ЈО.

Предметот на ЈО за работата на Дарко Каевски како директор на АМС можеби е и поттикот тој толку ревносно да настапува против членови и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, најгласен во нападите и ширењето дезинформациите, но можеби е и причина за неговиот рапиден раст во СДС, до пратеник и портпарол.

Отпочната е постапка за сомневања за противзаконско работење и злоупотреба, дека спортските федерации, клубовите и спортистите добивале ваучери, а одредена фирма ги реализирала под услов дел од парите потоа да ги добие назад преку даночно ослободување.

Почитувани, Македонија тоне во корупција и криминал, тоне во партизација, ликови како Дарко Каевски стануваат милионери, а неговите врсници се иселуваат од татковината.

Почитувани, со вашиот глас за ВМРО-ДПМНЕ на изборите, ќе гласате ваквите ликови како Зоран Заев, Ковачевски, Венко Филипче, и нивните наследници како Дарко Каевски, да им биде испитан имотот и да одговораат за евентуални злоупотреби.

Промените се во Твои раце, Македонија повторно твоја!

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер