Пад од девет места за Ѓорческа на најновата рејтинг листа

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа бележи пад на најновата рејтинг листа на ВТА објавена денеска. Таа се наоѓа на 200. место со 257.

Ѓорческа минатата седмица настапи на ВТА турнир во Биел, Швајцарија, но не освои доволни поени да го задржи претходниот пласман (191.место).

И во конкуренција на двојки македонската тенисерка има пад од едно место и сега со 559 поени се наоѓа на 136. позиција.

Втората македонска тенисерка која има ранг на ВТА листата, Магдалена Стоилковска се наоѓа на 1.237 место со 3 бода во сингл и на 1.185 со 7 бода во двојки. /МИА

Стружанката Симона Чавковска ќе учествува на Олимпијада за филозофија во Хелсинки

Стружанката Симона Чавкоска ученичка во гимназијара „Д-р Ибрахим Темо“ и Елена Јорданова од СОУ „Свети Кирил и Методиј“ од Неготино ќе ја претставуваат Македонија на Светскиот натпревар - Филозофска олимпијада

Стружанката Симона Чавкоска ученичка во гимназијара „Д-р Ибрахим Темо“ и Елена Јорданова од СОУ „Свети Кирил и Методиј“ од Неготино ќе ја претставуваат Македонија на Светскиот натпревар - Филозофска олимпијада, што од 16 до 19 мај ќе се одржи во Хелсинки, Финска.

Чавковска и Јорданова сe победнички на македонскиот натпревар за Филозофска олимпијада (International Philosophy Olimpiad, IPO) што се одржа во Скопје.

За матурантката Чавковска, филозофијата како наука, е синоним за слобода на изразување и проникнување на индивидуалноста во светот на мисли и идеи. На натпреварот во Скопје, избрала да се натпреварува на тема од областа на естетиката.

- Мојот главен фокус беше на незаменливиот факт дека нема нешто што постои тука, околу нас, што егзистира напоредно со нас, што може да биде опишано со поимот грдо. Се е проткаено со убавина, се е убавина и извор на убавина дури и кога само еден би го сметал нештото за такво (за убаво). Изборот на темата дојде интуитивно, едноставно некое внатрешно чувство ме водеше кон таа тема, знаејќи дека ќе ми донесе пласман на олимпијада, вели Чавковска.

За неа, како што нагласи, огромна чест ќе биде да освои медал, но, подвлече, подеднакво и е важно да го запознае Хелсинки и да се врати во Струга побогата за едно искуство и со стекнати нови пријателства.

На натпрварот учествуваше под менторство на нејзината професорка по филозофија Дијана Милеска – Чуркоска, која пласманот на Чавковска на Олимпијадата во Хелсинки го оцени како еден од најголемите нејзини успеси досега. Забележа и дека е извонреден сестран талент со натпреварувачки дух и знаење уште од мали нозе.

- Нејзините вештини се неизмерни и силно верувам дека ако не во топ три, ќе се најде во првите 10 места на најдобрите натпреварувачи што исто ќе биде голем успех, додава Милеска - Чуркоска.

Чавковска досега има постигнати одлични резултати и на натпревари по хемија и математика, а по завршувањето на средното образование планира да се запише на Институтот по хемија (применета хемија - животна средина) на Природно математичкиот факултет во Скопје.

Јанчев: Подготовки за асфалтирање на вториот дел од ул. Индустриска

Подготовки за асфалтирање на вториот дел од ул. Индустриска, откако првиот дел комплетно се заврши и беа поставени нови рабници и сливници, напиша на својот фејсбук, првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев.

Претходно Ј.П. Комуналец Кавадарци преку нивна програма поставија нова водоводна, фекална и атмосферска канализација.

Проектот е со финансиска вредност од 10 500 000 денари и вкупна површина од 1300 метри квадратни.

Изведувач на работите е фирмата Градба Промет, стои во објавата на Јанчев.

Ангеловска-Бежоска: Се уште не гледаме позначителни надолни прилагодувања кај цените на храната

 Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска денеска оцени дека во земјава се уште нема позначителни надолни прилагодувања кај цените на храната. 

Ако се спореди нивото на цените на храната со предпандемискиот период, тие, рече, се речиси двојно повисоки од нивото на светските цени на храната.

Одговорајќи на новинарски прашања по презентацијата на најновите макроекономски проекции, Ангеловска-Бежоска истакна дека е позитивно тоа што согласно меѓународните финансиски институции, се проектира натамошен пад на цените на храната оваа година, а стабилизирање на нивното ниво наредната година, што остава простор за одредени надолни корекции.

-Ако се погледне движењето на светските цени на храната од средината на 2022 година, има речиси континурано намалување, но според последните податоци, се уште не се вратени на предпандемиското ниво и се повисоки за околу 17 - 18 отсто. Доколку овие трендови ги споредиме со трендовите во домашната економија, може да констатираме дека не се целосно синхронизирани. Кај нас, растот на цените на храната почна подоцна од растот на светските цени на храната и се уште не гледаме позначителни надолни прилагодувања кај цените на храната.

Таа потсети дека ценовната политика е детерминирана од повеќе фактори.

притисни ентер