Во Пагани веќе со години произведуваат хиперспортски автомобили со безобразно високи цени.
Наместо нови модели, тие претпочитаат да претстават специјални дизајни, а судејќи според интересот , тие многу добро ги познаваат купувачите.
Најновиот во серијата е означен како Roadster BC, кој има неверојатни перформанси.
Така, за околу 3,5 милиони американски долари, Пагани нуди исклучително привлечен автомобил придвижуван од 6.0 V12 мотор на AMG. Испорачува 802 КС и 1.050 Nm, што е околу 50 КС и 50 Nm повеќе од купето. Ирелевантно, во однос на тоа што има погон на задните тркала и седумстепен X-Trac менувач. И најдобро од сè, тежината на автомобилот е извонредна, 1.217 кг.
За чудовиштето на Пагани, Пирели дизајнираше специјални гуми, а една од последиците е уште подобар баланс. Доволно е да се каже дека овој модел може да се справи со странично забрзување од 1,9G, што е значително подобро од Chiron, на пример, кој не може да издржи повеќе од 1,5G.
Посетителите на изложбата во Монтереј ќе можат да го видат автомобилот првпат во живо следниот месец, но знаејќи ја досегашната практика, сите примероци би можеле до тогаш да бидат резервирани.