Пеколната горештина во Камбоџа е причина за експлозија, во која загинаа 20 војници (ВИДЕО)

Властите во Камбоџа соопштија дека пеколните горештини што ја зафатија Југоисточна Азија се причина за експлозијата во складиште за муниција во која загинаа 20 војници.

Како што јави Би-би-си, трагедијата во провинцијата Кампонг Спеу се случила минатата сабота.

Властите ги отфрлија наводите дека нападот на бунтовниците бил причина за експлозијата, велејќи дека станува збор за комбинација од неисправна муниција и екстремна топлина. Температурата во некои делови на Камбоџа се искачила на 43 степени Целзиусови.

Во страшната експлозија на магацинот за муниција, уништени се канцелариите и блиската касарна, а оштетени се повеќе од 25 куќи. На социјалните мрежи се појавија фотографии од уништени касарни и воени возила.

„Инцидентот поврзан со експлозијата на муниција на 27 април оваа година е техничко прашање бидејќи муницијата и оружјето беа стари и оштетени, за што придонесе и екстремно топлото време“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана на Камбоџа.

Премиерот Хан Манет рече дека е шокиран од експлозијата и дека властите ќе платат отштета на семејствата на жртвите. Ќе биде платен и погребот на жртвите. Семејствата на загинатите ќе добијат по 20.000 долари, а повредените по 5.000 долари.

Во поголемиот дел од Југоисточна Азија преовладува пеколна топлина. Во Бангладеш било одлучено да се прекине наставата и 33 милиони ученици и студенти не посетуваат настава. Тој забележал најмалку 30 удари поврзани со топлина во Тајланд од почетокот на годината. Во текот на целата 2023 година во оваа земја имало вкупно 37 мозочни удари, соопшти Министерството за здравство.

Експертите за клима велат дека екстремните горештини се резултат на феноменот Ел Нињо што го погоди западниот дел на Пацификот.

Со кабинетот на претседателката на Македонија ќе раководат Божинов и Момировски

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова за генерален секретар на својот кабинет го именувала Ѓорѓи Божинов, правник кој работел во министерството за земјоделство, а за негов заменик новинарот Горан Момировски.

Од функциите се разрешени генералниот секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и Тоше Зафиров, кои беа ангажирани во мандатот на доскорешниот претседател стево Пендаровски.

Од кабинетот на претедателката соопштија дека генералниот секретар Ѓорги Божинов е дипломиран правник со речиси тридецениско работно искуство во областа на правото во земјоделскиот сектор, процесите на јавни набавки, програмите за финансиска поддршка, како и примена и хармонизација на легислативата на Европската Унија во овие области.

Момировски пак, е долгогодишен новинар, соработник на Сиљановска во нејзината претседателскa кампањa за изборите во 2019 година.

Фонсека подготвен да стане нов тренер на Милан

Тренерот на Лил, Пауло Фонсека се согласи да го води Милан од следната сезона, објави новинарот Николо Шира на Икс.

Италијанскиот клуб е подготвен да потпише договор со 51-годишниот Португалец до 2026 година.

Конечната одлука ќе биде донесена следната недела.

Фонсека е во Лил од 2022 година. Под негово водство тимот оваа сезона постигна 58 бодови и пред одигрување на последното коло се наоѓа на 3. место во поредокот. /МИА

Во Црвено Море нападнат танкер со нафта

Британската безбедносна фирма „Ембреј“ (Ambrey) денеска соопшти дека во Црвеното Море е нападнат танкер со нафта, што пловел под знамето на Панама, на 10 наутички милји југозападно од јеменската Мока.

Танкерот е погоден со проектил, што предизвикал пожар. Сè уште ниту една група не презела одговорност за нападот.

Претходно Агенцијата за поморски трговски операции на Велика Британија (УКМТО) објави дека добила извештај за инцидент во Црвеното Море, 76 наутички милји северозападно од градот Ходеида во Јемен.

Хутите уште од ноември минатата година ги напаѓаат трговските бродови во Црвено Море во знак на солидарност со Палестинцитеи оти тоа ќе го прават сè додека Израел не ги запре нападите врз Појасот Газа./МИА

притисни ентер