Пендаровски со верските лидери: Соживот и почитување на различностите за напредок на државата

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими поглаварите и претставниците на верските заедници наведени во Уставот, пред кои посочил на соживотот и почитувањето на различноста како една од темелните вредности на државата.

– Пред поглаварите и претставниците на верските заедници претседателот ја истакна неговата заложба да соработува со сите верски заедници во Северна Македонија, во интерес на меѓусебното разбирање и толеранција. Претседателот Пендаровски укажа на важноста на улогата на поглаварите на верските заедници во негувањето на соживотот, како важен предуслов за просперитет и напредок на државата, соопшти Кабинетот на Претседателот.

Поглаварите и претставниците на верските заедници ја поздравиле иницијативата за одржување на денешната средба и посочиле дека и покрај верските разлики, заедничка цел на сите е градење мир и почитување.

На средбата присуствуваа поглаварите на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, на Исламската Верска Заедница, Реис Ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, на Католичката црква, Киро Стојанов, претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев, претседателката на Еврејската заедница во државава Берта Романо Николиќ, како и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски./МИА

Протест пред Берлинскиот слободен универзитет во знак на солидарност со Појасот Газа

 Пропалестинските активисти денеска протестираа пред Берлинскиот слободен универзитет, апелирајќи на студентски отпор низ Германија во знак на солидарност со луѓето во Појасот Газа.

Според процените на портпаролката на Универзитетот во протестите учествувале од 80 до 100 луѓе.

Активистите на групата Студентска коалиција Берлин повикаа на запоседнување на германските универзитети и побараа крај на „колонијалното угнетување“.

Околу 150 активисти на 3 мај протестираа пред Универзитетот Хумболт во Берлин.

Повеќе од две недели на голем број универзитети во САД, во Велика Британија и други земји има протести против израелската офанзива врз Појасот Газа./МИА

Јом Хашоа одбележан во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје

Со едноминутно молчење во чест на жртвите во холокаустот, денеска беше одбележан Денот на сеќавањето на жртвите. Традиционално овој ден  се одбележува на годишнината на востанието во Варшавското гето.

Маја Нану, член на управниот одбор на еврејската заедница, нагласи дека Македонија, рамо до рамо со целиот свет, им оддава почит на своите 7.144 евреи, жртви на нацизмот, депортирани во логорот на смртта, Теблинка.

Самоил Садикарио, пензиониран професор на медицинскиот факултет, член на Еврејската заедница, чии предци биле партизани, изразува жалење што се помалубројни се Евреите во Македонија. Особено му е жал што поради, како што рече, нечија луда идеа, загинале шест милиони евреи во светот.

Во чест на Денот на сеќавањето на жртвите од холокаустот, во музејот на холокаустот беше отворена и детска изложба, а најдобрите три цртежи беа и наградени.

Катарската делегација пристигна во Каиро

Делегација на Катар пристигна во главниот град на Египет, Каиро, каде ќе продолжат индиректните преговори меѓу Израел и Хамас.

Хамас вчера соопшти дека го одобрил предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, што го предложиле посредниците од Египет и од Катар.

Разговорите во Катар треба да доведат до итен и траен прекин на огнот во Појасот Газа. /МИА

притисни ентер