Пет илјади навивачи на Реал присуствуваа на првиот тренинг на Зидан

Новиот тренер на Реал Мадрид Зинедин Зидан на првиот тренинг беше поздравен од повеќе од 5.000 навивачи.

Легендарниот Французин вчера ја презема тренерската функција од Рафаел Бенитез.

Зидан кој со Реал за време на играчката кариера ги освои сите титули во Шпанија и Европа, доби овации од присутните фанови кои го скандираа неговото име.

Како помошник тренер на Карло Анчелоти, Зидан со Реал пред две години ја освои Лигата на шампионите, а до сега самостојно го водеше Б-тимот на Реал.

За трикратниот најдобар светски фудбалер ова ќе биде прва тренерска работа со еден професионален тим.

Брако ќе промовира ново електрично возило на саем во Минхен

БРАКО ќе претстави ново електрично возило од својот бренд Грин Машинс на светскиот саем IFAT, кој следната недела ќе се одржи во Минхен.

Возилото беше развивано две години од страна на инженерскиот тим за развој на БРАКО/Грин Машинс и е сосема ново техничко и функционално решение во програмата за производство на возила за одржување урбана хигиена.

Моделот 720 ZE работи на електричен погон и e со технологија од последната генерација, со вградени мотори во задните тркала и управување на сите четири тркала, поголем контејнерски простор, широка кабина за две лица, 360⁰ камера и оптимизиран начин на чистење.

Се очекува новиот модел да отвори уште повеќе пазари во светот, каде се бараат возила за одржување хигиена од овој габарит и перформанси.

Моделот 720 ZE беше најавен како концепт на саемот IFAT во 2022 гoдина и тимот за развој планираше да го развие во следните две години, во што и успеа и создаде возило кое е целосно замислено, проектирано и произведено во погоните на БРАКО.

Возилото во завршна фаза беше претставено пред гостите на прославата на 20-годишнината на Феро Инвест и БРАКО пред шест месеци, а сега во Германија ќе ја доживее својата светска промоција, соопштуваат од компанијата.

Вердиевата спектакуларна опера „Трубадур“ во рамки на 52. издание на „Мајски оперски вечери“

Во рамките на 52. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“ вечер со почеток во 20.00 часот ќе биде изведена операта „Трубадур“ од Џузепе Верди, информираат од Националната опера и балет. 

Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на реномираниот македонски режисер, Иван Поповски кој живее и работи во Москва повеќе од две децении и за своите врвни уметнички достигнувања е добитник на највисоки признанија во Русија и низ светот и за првпат поставува опера на македонската сцена.

Сценографијата е на Миодраг Табачки од Србија, костимографијата е на Марија Пупучевска, а кореографијата на Саша Евтимова.

Во улогата на Манрико ќе настапи гостинот од Чиле, Филипе Рохас, тенор кој настапувал на повеќе светски сцени, во улогата на Гроф Луна ќе настапи нашиот баритон Ристе Велков, во улогата на Леонора ќе настапи гостинката од Канада Криста де Силва, драмски сопран препознатлива по нејзините темни мистични бои. Во улогата на Ацучена ќе настапи, Сања Анастасиа, мецосопран, првенка на операта во Народниот театар во Белград. Во улогата на Ферандо ќе настапи нашиот бас, Владимир Саздовски кој е чест гостин на светските оперски сцени. Во останатите улоги ќе настапат: Јане Дунимаглоски, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Дејан Стоев во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Романтична љубов, смртна љубомора и oдмазда се движечките драмски елементи на операта „Трубадур“ од италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди. Операта се одликува со прекрасна музика и спектакуларно предводени вокални делови кои пренесуваат силни емоции, додека исклучително сложената приказна изобилува со огнена страст.

Ѓоковиќ нема сериозна повреда по инцидентот со фрлено шише на Мастерсот во Рим (ВИДЕО)

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ ќе продолжи со настапите на турнирот во Рим по случајната повреда на главата по вчерашниот меч со Французинот Корант Муте.

На одење кон соблекувалната, Ѓоковиќ застана да подели автограми, а на едно момче кое се наведна кон српскиот тенисер, од ранецот му испадна шише кое заврши во главата на тенисерот.

По инцидентот се огласи Ѓоковиќ:

- Ова беше една случајност. Се одморам во хотелот со мраз на главата. Се гледаме в недела – напиша српскиот тенисер на Икс.

Во следното коло Ѓоковиќ утре ќе игра со Алехандро Табило од Чиле.

притисни ентер