Петнаесет филмови на „Скопје синема сити“ од 6-ти до 10 јуни

 Музиката и нејзиното филмско претставување е во фокусот на програмата на четвртиот фестивал „Скопје синема сити“ (ССС) чие летно издание ќе се одржува од 6-ти до 10 јуни во Кинотеката на Македонија. 

Во петте фестивалски дена ќе бидат прикажани 15 филмови.

Како што претходно беше објавено, фестивалот ќе биде отворен со филмот за јапонскиот композитор Руичи Сакамото „Кода“ во режија на Стивен Номура Шибле. Филмот беше прикажан премиерно на филмскиот фестивал во Венеција во 2017, а потоа и на годинашното Берлинале.

Ќе има и претфестивалска програма со изложба на џез-фотографии на фотографката Татјана Ранташа од истакнати македонски џез-уметници од различни генерации. Паралелно со нејзината изложба, насловена „Македонска џезтетика - Ранташа Татјана, фотографии“, настап ќе има и Гоце Стевковски Квинтет.

- Бидејќи централно место има музиката, оваа изложба кореспондира со селекцијата на џез-филмови, и од домашна и од странска продукција кои се на програмата. На програмата се застапени филмови за познатата музичка куќа „Blue Note Recordsс: Приказна за современиот џез“, „Сан Ра: Братот од другата планета“, „Бил Еванс: Сеќавање на едно време“ заедно со кратки филмови од продукцијата Види Вака за Зоран Маџиров и Драган Ѓаконовски Шпато, соопшти ССС.

Вториот ден на фестивалот ќе биде посветен на познатиот современ композитор Филип Глас со филмовите „Филип Глас: Гледајќи го Глас“ и култниот уметнички филм „Којанискатси“. На 8 јуни ќе биде прикажан „Лунарна Орбита“ за познатиот електронски состав „The Orb“, а потоа „Визијата за рајот“ на Ли Скреч Пери. На 9 јуни ќе бидат прикажани филмовите за Бил Еванс, кој е еден од најпознатите џез-пијанисти на сите времиња и „Буена Виста Соушал Клаб, Адиос“.

На програмата се и два филма на македонскиот режисер Јордан Дуков за македонските состави „Љубојна“ и „Conquering Lion“ дел од Телма докубенд серијалот. На завршниот фестивалски ден ќе бидат прикажани „Студиото Ханса крај ѕидот 1976-90“ и „Кобејн: Монтажа на еден пекол“.

Влезниците може да се купат на билетарницата на Кинотека на Македонија и онлајн на МКтикетс. Повеќе информации се достапни на веб-страницата www.nomad.com.mk.

Фон дер Лајен во посета на Либан

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во придружба на шефот на кипарската држава Никос Христодулидес ќе престојува во посета на Либан. 

Како што соопшти Европската комисија, предвидено е Фон дер Лајен и Христодулидес во Бејрут да се сретнат со либанскиот премиер Наџиб Азми Микати и со претседателот на Парламентот, Набих Бери.

Либан нема претседател од октомври 2022 година кога истече мандатот на дотогашниот шеф на државата Мишел Аун, а Парламентот од тогаш не успеа да обезбеди мнозинство за избор на негов наследник.

Според најавите, се очекува Фон дер Лајен и Христодулидес на своите либански домаќини да им претстават пакет економска помош за земјата за справување со проблемот стотициите илјади сириски беглаци за кои постои стравување дека би можеле да се упатат кон Кипар, во обид да дојдат на територијата на ЕУ.

Дополнително на средбите ќе стане збор и за билатералните односи, безбедносните предизвиците со кои се соочува Либан и неопходните рефоми во земјата. /МИА

Битиќи и кандидатите од ИЕ2: Во коалиција сме со граѓаните за европска Македонија

Во видео пораката на Битиќи и дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2 (Марко Михаиловски, Билјана Муиќ), се вели дека имаме избирачки процес кој доликува на една европска и демократска државата.

„Ја слушнавме и прифативме пораката која ни ја упативте на 24-ти април. Го имавте тоа право и слобода да ни ја испратите таа порака во фер и демократска атмосфера, која грижливо ја градевме седум години“, вели во видео обраќање Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Во видео пораката на Битиќи и дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2 (Марко Михаиловски, Билјана Муиќ), се вели дека имаме избирачки процес кој доликува на една европска и демократска државата.

„На избирачките места не ве принудувавме да климате со главата, кога на ВМРО ДПМНЕ идеалот им беше од типот на 'човечињата идаат и гласаат и ќутат' - имавте можност својот глас да го дадете без страв и уцени. Слободно!“, се порачува во видеото.

„Демократијата не напредува во молк и согласување, со уцени и закани, таа бара дијалог, со вас, граѓаните. Затоа и ве слушаме, ги прифаќаме критиките, се поправаме. Ние сме партија која работи и греши, но и се поправа, а за тоа имаме јасен план и програма. А тоа нема сами да го направиме, во коалиција сме со вас за да ги одбраниме нашите европски вредности и нема да се откажеме од борбата за напредна и прогресивна Македонија“, се вели во видео обраќањето на Битиќи заедно со дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2.

Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената

Руската нацрт-резолуција оди подалеку од американско-јапонскиот предлог.

Русија поднесе нацрт-резолуција во ОН со која ги повикува сите земји да преземат итна акција за да го спречат распоредувањето оружје во вселената, една недела откако Москва стави вето на резолуцијата на САД и Јапонија за ставање крај на трката со вооружување во вселената.

Руската нацрт-резолуција оди подалеку од американско-јапонскиот предлог, повикувајќи не само на напори да се запре распоредувањето на оружје во вселената, туку и да се спречи „заканата или употребата на сила во вселената“.

Нацртот вели дека ова треба да вклучи распоредување оружје „од вселената против Земјата и од Земјата против објекти во вселената“. /МИА

притисни ентер