Петров: Со СДСМ силно растат вработувањата, за 2,5 години обезбедивме работни места за 60.000 граѓани

Преку иновативни политики и развојни реформи за само 2,5 години успевме, не само да ја стабилизираме македонската економија, туку и да обезбедиме раст кој овозможува вистински бенефит за сите граѓани.

Што значи ова?

Со отворање на 60.000 нови работни места, обезбедивме посигурна иднина на 60.000 граѓани и семејства.

Во моментот имаме најниска стапка на невработеност во историјата на Република С. Македонија, која изнесува 17.1 отсто, а стапката на невработеноста на младите падна за 13 проценти на 35,3 отсто.

Продолжуваме да создаваме клима за отворање на нови работни места.

Еден од клучните механизми за остварување на таа цел е Оперативниот план за вработување, кој годинава очекуваме да вклучи 12.000 нови невработени лица.

За Оперативниот план за вработување во 2020 година издвоивме рекордни 1,45 милијарди денари за инвестиции во претприемништво, поддршка за креирање нови работни места, обуки и доквалификација, практиканство, а продолжува и реализацијата на Гаранцијата за млади.

Покажавме дека самовработувањето преку стартување на микро бизниси е одржливо, бидејќи 93% од компаниите формирани со помош на оваа мерка во 2017 година активно работат, како и 99% од компаниите формирани во 2018 година.

Затоа во 2020 година очекуваме отворање на нови 1.364 микро бизниси, за кои се издвоени 447 милиони денари.

Оперативните мерки и во 2020 предвидуваат обуки и доквалификации за занимања за кои постојат потреби на пазарот на трудот. Со нив е планирано да се опфатат 3.224 лица.

Во Гаранција за млади се вклучија над 18.000 лица, од кои 35% се стекнале со практиканство, обука или биле вработени. Тоа е повисока реализација и од европскиот просек на оваа мерка кој изнесува 33 отсто.

Ние продолжуваме со силна поддршка за вработување и за отворање на нови работни места, бидејќи намалувањето на невработеноста и добро платени работни места беше и останува наш клучен приоритет.

На прав пат сме!

Коста Петров, потпретседател на СДСМ

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер