Петровска од Тетово: На 8 мај избираме да продолжиме по вистинскиот пат

Минималната пензија 20.000, а просечната 30.000 денари, на 8 мај избираме да продолжиме по вистинскиот пат.

Огромна чест, но и голема одговорност е да се биде носител на листата на Коалицијата за европска иднина, предводена од СДСМ и на оваа листа ќе видите имиња на 20 личности, со име и презиме, различни по етничка и верска припадност, различни по возраст, жени и мажи, но личности со интегритет, чесни и одговорни и најважното лојални на државата и европските вредности околу кои сме обединети, порача денеска на прес-конференција носителката на листата за пратеници во изборната единица шест, Славјанка Петровска.

Таа порача дека СДСМ и Коалицијата се подготвени професионално, одговорно и посветено да ги исполнат сите ветувања кои во форма на мерки и политики се напишани во Програмата за европска иднина.

„Подготвени сме и нема да се откажеме се додека Македонија не стане дел од Европската унија и се додека не обезбедиме минимална плата од 600 евра, а просечна плата од 1.100 евра. Платите ќе продолжат да растат, ќе растат и пензиите. Минималната пензија ќе изнесува 20.000, а просечната пензија 30.000 денари“, посочи Петровска.

Петровска додаде дека е време да се исправат грешките што се направени во изминатите седум години а кои се однесуваат на погрешна кадровска политика, слаби резултати во овозможувањето на правдата и воочени слабости во системски процеси и побара поддршка од граѓаните на 8 мај.

„Изминатите 7 години на власт, СДСМ и Коалицијата донесоа државнички одлуки кои на државата и овозможија придвижување напред и место на иста маса со најмоќните држави дел од воено политичкиот сојуз НАТО. И време е, без одлагање, без лажен патриотизам да ја донесеме одлуката државата да продолжи по вистинскиот пат и да не се врати назад во некои неизвесни времиња. Во изминатиот период покажавме дека нудиме и носиме решенија, а не изговори. Затоа денеска и јас и сите кои сме на листите за пратеници можеме да излеземе пред граѓаните, да ги погледнеме во очи и со чист образ да им порачаме дека нема да се откажеме од иднината. Ќе продолжиме да работиме за граѓаните, за државата. Нема откажување од иднината, на 8 мај избираме да продолжиме по вистинскиот пат“, изјави Петровска на денешната прес-конференција во Тетово.

Стано: Очекуваме новата Влада на Србија да работи на стратешката цел за членство на земјата во

 ЕУ со нетрпение очекува да соработува со новата српска Влада и очекува таа да испорачува резултати во однос на стратешките цели на Србија, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.

- Србија е земја кандидат за членство и го посочува пристапувањето во ЕУ како свој стратешки приоритет, па Европската Унија и земјите членки очекуваат тоа да го покаже и во пракса, нагласи Стано, запрашан за коментар за тоа што во новата српска Влада, како што беше посочено, се предложени двајца министри кои се наоѓаат на листата на лица кон кои ЕУ има воведено санкции.

Според Стано, Србија знае што се очекува од неа како земја кандидат за членство во ЕУ кога станува збор за исполнување на критериумите, особено за оние поврзани со надворешната политика и за усогласување на заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата.

Кога станува збор за конкретните лица, како што нагласи Стано, активностите и изјавите на предложениот вицепремиер Александар Вулин во минатото биле во спротивност со декларираните приоритети на Србија, кога станува збор за обврските поврзани со процесот на пристапување и односите со Русија.

- Членството во ЕУ е стратешки избор и очекуваме од Србија и нејзината Влада, независно во кој состав, да ја демонстрираат посветеноста на европскиот пат, во интерес на нејзиниот народ и на нејзиниот кредибилитет, бидејќи одлуката да се избере европската интеграција за стратешка цел беше донесена од српските власи. Затоа очекуваме од нив да испорачаат и секој член на Владата да работи на таа цел колку што може, додаде Стано. /МИА

Лидерот на Златна зора ќе излезе од затвор

Поранешниот лидер на сега непостоечката неонацистичка партија Златна зора Никос Михало-Љакос, кој беше осуден на 13-годишна затворска казна за водење криминална организација, ќе биде пуштен од затвор, пренесуваат грчките медиуми.

Судот во градот Ламиа донел одлука тој да биде ослободен, откако издржал три петтини од казната. Златна зора пред четири години беше прогласена за криминална организација обвинета за бројни насилства од омраза , а нејзиниот лидер и пет поранешните пратеници добија 13 години затворска казни. Михалољакос, според одлуката на судот, ќе има забрана да ја напушта поширокиот регион на атина и ќе треба еднаш месечно да се јавува во полициска станица, пишува Катимерини. Златна зора беше дел од парламентот во периодот од 2012 до 2019 година..

Полската полиција приведе 16-годишно момче за нападот со молотов коктел врз синагога

Полската полиција приведе 16-годишно момче осомничено дека фрлило молотов коктел врз историската синагога Ножик во Варшава, изјави денеска портпаролот на полицијата за весникот „Ржечпосполита“.

Мотивот зад вчерашното фрлање молотов коктел врз единствената синагога во Варшава што го преживеа нацистичкиот напад за време на Втората светска војна, остана нејасен. Осомничениот одбил да даде изјава.

„Срамотните антисемитски напади како овој не можат да се толерираат денес. Сторителите мора да бидат пронајдени и казнети, објави вчера на „Икс“, израелскиот амбасадор во Полска, Јаков Ливне.

Претседателот на Полска, Анджеј Дуда исто така го осуди фрлањето молотов коктел врз синагогата. „Нема место за антисемитизам во Полска! Нема место за омраза во Полска", напиша Дуда на „Икс“.

Синагогата од 1902 година, во центарот на градот на левиот брег на Висла, денеска е главната синагога во Варшава. /МИА

притисни ентер