Пијан сосед со камен и го блокирал автомобилот , но таа му вратила (ВИДЕО)

Американка му покажала на својот пијан сосед дека може да се справи и со него и со начинот на кој сакал да ја изнарвира.

Со голем камен соседот на Американката Мелиса Скрагс од Калифорнија и го блокирал автомобилот. Но , соседот не знаел дека таа е геолог и тоа доктор по геолошки науки и има со што да ги разбие камењата.

Така Мелиса во 7.30 часот наутро ја извадила гласната дупчалка и го скршила каменот .

Целиот инцидент таа го снимила и го објавила на Твитер , каде е вистински хит. Меѓу пораките во кои и честитаат на портегот има и такви кои велат дека им го разубавила денот.

Маричиќ средба со Маида Горчевиќ

Соработката на регионот и реализацијата на Планот за раст за Западен Балкан е можност за забрзување на процесот на евроинтеграција.

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ се состана со Министерката за европски прашања на Црна Гора Маида Горчевиќ на маргините на Лидерскиот самит за Планот за раст на Западен Балкан во Котор.

На средбата се говореше за значењето на соработката на регионот и успешна имплементација на Планот за раст за Западен Балкан од Европската Комисија.

Планот за раст е конкретна стратегија за социоекономски развој на регионот, соработка и доближување на земјите од Западен Балкан.

Исполнувањето на обврските усогласени со Европската Унија ќе значи значителен развој, прогрес и просперитет на државата и регионот.

Маричиќ се заблагодари за успешната и плодна соработка за спроведување на регионалната соработка и одличните релации помеѓу нашите две држави.

Со цел успешно имплементирање на Планот за раст, потребно е државите упорно да продолжат да работат во соработка со Европската Комисија со цел постигнување на стратешката цел за пристапување во ЕУ на Северна Македонија и земјите од регионот.

Зеленски: Ситуацијата во североисточниот регион Харков е „исклучително тешка“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека воената ситуација во североисточниот регион Харков е „исклучително тешка“, но сепак „под контрола“. 

Изјавата тој ја даде по состанокот со неговите воени началници во близина на линијата на фронтот.

„Ситуацијата во регионот Харков е генерално под контрола, а нашите војници му нанесуваат значителни загуби на окупаторот. Сепак, ситуацијата во областа останува исклучително тешка“, рече тој во објавата на Телеграм, откако ги слушна извештаите од неговите команданти во Харков, регионален главен град на 30 километри од руската граница.

Штипските студенти на Факултетот за медицински науки го организираат третиот студентски конгрес

Студентите од Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) Штип, се организатори на третиот студентски конгрес, кој ќе се одржи утре и во сабота во просториите на Мултимедијалниот центар во Штип. 

Ирена Жежова студен на Факултетот за медицински науки при УГД-Штип на денешната прес-конференција изјави дека на конгресот ќе учестуваат врвни доктори од нашата држава, а пријавени е и усчество на над 500 студенти.

-Со огромна радост ви го најавуваме и најголемиот настан кој ке ја одбележи оваа академска година за студентите на Факлутетот за медицински науки при УГД. Третиот студентски конгрес на студентите по општа медицина. Иститот ќе се одржи за 17 и 18 мај во просториите на Мултимедијалниот центар. После неколку годишна пауза од последниот конгрес и со макотрпна работа се организира овој конгрес.На конгресот има пријавено над 500 студенти, рече Жежова

Студентите велат дека на конгресот генерално ќе има теми од клиничката област на медицината, со акцент на хирургија, интерна медицина, ортопедија и дерматологија.

На гала вечер на 18 мај ќе бидат доделени награди за најдобрата орална презентација и постер презентација. Наградата е вредносни ваучери од 500 евра и публикација во списаније.

-Иако нашиот организиционен одбор брои три челена, поширокиот тим брои околу 20 студенти. Самиот настан е подржан од рекорот на факултетот, грдоначалникот, директорот на Клиничка Болница Штип и директорката на Здравствен дом Штип, додава Жежова

Ораганизациониот одбор брои три члена , а поширокиот тим околу 20 студенти. Велат дека за овој конгрес се подготвувале повеќе од осум месеци.

притисни ентер