По 5 години од смртта на Сала, Кардиф бара 120 милиони евра од Нант за надомест на штета

Пет години по неговата трагична смрт, аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала се уште е предмет на спор меѓу фудбалските клубови Кардиф и Нант.

Тој веќе беше договорен и требаше да игра за велшкиот клуб по одличната сезона во Франција, но во јануари 2019 година неговиот авион исчезна од радарот.

Подоцна се испостави дека тој завршил во Ла Манш. Во неофицијалните резултати од истрагата, објавени во емисијата „Истрага на воздушни несреќи“ на National Geographic, како можни причини за несреќата се наведува неискуството на пилотот за летање без инструменти во текот на ноќта, лошите временски услови кои владееле во тоа време на пат кон Кардиф, како и можен дефект на системот за вентилација. Сепак, ова никогаш не можело целосно да се утврди.

Било откриено дека летот првично бил планиран да се реализира во текот на дневните часови, но потоа се случила серија презакажувања, па паднал мрак и пилотот Иботсон и Емилијано Сала полетале, што на крајот се покажало како трагично.

Кардиф смета дека Нант е одговорен за летот со кој патувал Сала и затоа поднел тужба до судот на Нант барајќи компензација за загубата на приходите и други штети кои ги претрпела поради смртта на аргентинскиот фудбалер.

По анализата направена од правен експерт, штетата на Кардиф е проценета на 120,2 милиони евра, изјави адвокатката Селин Џонс за Франс прес, со што ја потврди информацијата која прв ја објави Екип.

Претходните проценки за оваа штета изнесуваа 100 милиони евра, а во друга постапка ФИФА му наложи на Кардиф да му го исплати на Нант остатокот од трансферот кој изнесувал околу 11 милиони евра.

Во Северна Кореја годинава за првпат се положи заклетва за лојалност за роденденот на Ким Џонг

Во Северна Кореја годинава за првпат се положи заклетва за лојалност за роденденот на Ким Џонг Ун

За првпат откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја презеде власта во 2011 година, годинава од севернокорејските граѓани беше побарано да се заколнат на лојалност на неговиот роденден, соопшти Институтот за развој на југот и северот (САНД) со седиште во Сеул.

Институтот објави фотографии од текстот на заклетвата во папка, за која се верува дека е направена на 40-тиот роденден на Ким, 8 јануари.

Северна Кореја никогаш официјално не го потврдила датумот на раѓање на Ким, а традиционално ваквите церемонии за заклетва се одржуваат на годишнините од родендените на неговиот татко и дедо, претходни севернокорејски лидери.

Приведени двајца дилери на дрога, пронајдени над три килограми марихуана

 Двајца прилепчани се приведени синоќа бидејќи во возилото „пежо“ со кое се превезувале биле пронајдени торба со над три килограми марихуана и автоматска пушка со празна рамка. 

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека двајцата дилери се приведени на регионалниот пат Дебар-Струга околу 21:30 часот. Автомобилот марка „пежо“ со скопски таблички било на рент а кар компанија. Возилото го управувал 34-годишниот Б.С., а сопатник бил 36-годишниот Д.Н.

Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Галант: Израел нема избор, мора да почне офанзива во Рафа

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант синоќа му кажал на својот американски колега, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин дека Израел нема друг избор освен да почне офанзива во градот Рафа на југот на Појасот Газа.

Галант во телефонски разговор го информирал Остин за вчерашниот смртоносен ракетен истрел од Рафа на позициите на израелската армија, соопшти неговиот кабинет.

Тој изјавил дека се прават сите напори од страна на државата Израел да се постигне договор за ослободување на заложниците и привремен прекин на огнот и оти Хамас го отфрла секој предлог што ќе го овозможи тоа.

Галант му рекол на Остин дека „нема избор“ и дека тоа значи „почеток на израелска операција во Рафа“.

Притоа, тој се заблагодарил за блиската соработка и истакнал дека САД имаат важна улога во унапредувањето на дијалогот за ослободување на заложниците кои ги држи Хамас, пренесоа израелските медиуми.

притисни ентер