„Ако во одреден момент Русите одат предалеку, ние, сите Европејци, мора да бидеме подготвени да дејствуваме за да ги задржиме“, рече францускиот лидер одговарајќи на прашања од корисниците на социјалните мрежи.
Макрон додаде дека „со сета своја сила се надева“ дека Франција нема да мора да влезе во конфликтот.
Како што истакна тој, Европската унија ќе ја зајакне својата поддршка за Киев во наредните недели.
„Нашата иднина и нашата безбедност се загрозени. Затоа, како што реков, мораме да ја зголемиме помошта за Украинците, што ќе го направиме во наредните недели. Мораме да им испорачаме повеќе опрема.“, нагласи францускиот лидер.
Според него, Франција „не е сила на војната, туку е сила на мирот“, но ако Европа сака мир, неопходно е да се „одбрани“.
„Затоа мораме да се вооружиме и да бидеме убедливи кон нашите противници, велејќи им: „Ако одите предалеку и ги загрозувате нашите интереси и нашата сопствена безбедност, тогаш не исклучуваме интервенција“, рече францускиот претседател.
Претходно, во интервју за Економист, Макрон повторно изјави дека не ја исклучува можноста за испраќање војници во Украина доколку Руската Федерација ги пробие првите линии на фронтот и ако Украина тоа го побара.
Според него, „многу земји“ се согласиле со пристапот на Франција за можното испраќање војници.
„Доколку Русите ја пробиле одбранбената линија, ако имало барање од Украина - што не е случај денес - ќе имавме легитимни причини да си го поставиме ова прашање (за испраќање војници)“, додаде францускиот претседател.