По разводот, Џенет Џексон и Висам Ал Мана функционираат одлично!

Се разделија пред 3 месеци и останаа пријатели.

Џенет Џексон и нејзиниот трет сопруг Висам Ал Мана се разделија кусо по раѓањето на нивниот син, но нема никакво непријателство меѓу нив. Имаат неограничена доверба еден во друг, и двајцата се прекрасни родители на малиот Еиса и го гледаат подеднакво, нема никаков проблем во нивното функционирање откако не се во брак - вели пријател на семејството за „People“.



A family friend told People on Wednesday: 'They are very disciplined and the baby is already on a strict schedule. Janet really trusts Wissam and he trusts her. They have a strong friendship. There is no fighting between them'

По разделбата, 42 годишниот бизнисмен од Катар ја напиша оваа порака за Џенет.

- Најубавата личност на светот. Ти благодарам за твојата волшебна љубов, твојата неограничена поддршка и што беше мој најдобар пријател. Те сакам многу, се надевам ќе бидеме заедно во вечноста...


'I love you!' This, after the 42-year-old Qatari businessman penned a post-split message on his website calling the 50-year-old pop diva 'the most beautiful person in the world'



Radar Online пак пишува дека Џенет се изолирала од другите членови на семејството и живее сама со детето во Лондон. нејзината 19 годишна внука Парис Џексон се понудила да се пресели кај неа да и помага околу бебето, но Џенет засега останува сама. Таа, според таблоидите, од октомври ќе ја продолжи својата турнеја што ја прекина поради бременоста во 50-тата година од животот.

Таблоидите пишуваа дека причина за разводот бил константниот напор на Висам да ја конторлира својата сопруга, неговите негодувања околу нејзините концерти и начинот на кој се облекува, и неговиот диктат во сите области во животот - нешто што Џенет повеќе не можела да го поднесе...


ИДФ ги повика Палестинците да ги евакуираат крајбрежните населби во северниот дел на Газа

Израелската армија ги повика Палестинците во крајбрежните населби во северниот дел на Газа да ја евакуираат областа додека ја продолжува операцијата во Џабалија.

Портпаролот на Израелските безбедносни сили (ИДФ) на арапски јазик, Авичај Адри, објави список на нови зони што треба да се евакуираат, а на палестинските цивили им беше кажано да се преселат во засолништа западно од градот Газа, пишува „Tајмс оф Израел“.

Минатиот викенд, ИДФ издаде предупредување за евакуација на градот Џабалија, пред да биде извршен нападот.

Оттогаш, армијата двапати ја прошири зоната за евакуација, а најновата најава ги вклучува областите Ал-Ататра и Ал-Карам во Појасот Газа. /МИА

Протест на британските плажи поради загадување на водата

Илјадници луѓе ширум Велика Британија се собраа вчера на плажите, реките и езерата за да побараат промени на нивоата на загаденост на водата во земјата.

Демонстрантите се собраа во областите за капење од Западниот Пјер во Брајтон до плажата Гилингвасе во Фалмут по извештаите дека милиони литри вода од канализација биле испумпани во Виндермер во областа Лејк за повеќе од 10 часа во февруари.

Ситуацијата од опозициските политичари беше окарактеризирана како „скандалозна“, додека Лондон рече дека ситуацијата е „целосно неприфатлива“ и дека Агенцијата за животна средина има овластување да покрене кривично гонење.

Испумпувањето се случило во пумпната станица на компанијата во Бонс-он-Виндермер, Камбрија, ноќта на 28 февруари, пишува „Индипендент“.

Пумпите за итни случаи испуштија повеќе од 10 милиони литри вода од канализација во местото на светското наследство на УНЕСКО, откако главните пумпи беа нагло прекинати поради дефект на телекомуникациите. /МИА

Брајтон објави за заминување на тренерот Де Зерби

 Прес-службата на премиерлигашот Брајтон објави дека Роберто Де Зерби ќе ја напушти функцијата главен тренер на клубот на крајот од сезоната 2023/24.

Раководството на Брајтон се договорило со 44-годишниот фудбалски стручњак за предвремен раскин на договорот кој е со важност до летото 2026 година.

Претходно беше објавено дека Баерн Минхен е заинтересиран да го покани италијанскиот тренер.

Де Зерби дојде во Брајтон во септември 2022 година. Под негово водство тимот освои 38 победи, 20 пати ремизираше и претрпе 30 порази.

Оваа сезона Брајтон е на 10. место во поредокот во Премиер лигата, со 48 бодови од 37 натпревари. /МИА

притисни ентер