Почна најпознатиот музички фестивал на светот, го „нападнаа“ тиктокери и инфлуенсери (ВИДЕО)

Започна најпознатиот музички фестивал на светот.

Оваа година Coachella ќе се одржи од 12 до 14 април и од 19 до 21 април. На него ќе настапат некои од најголемите музички ѕвезди на денешницата како Лана Дел Реј, Шакира, Сабрина Карпентер, Блур, Ајс Спајс, Доја Кат, Ноу Даут...

Иако многумина со години нагласуваат дека суштината на Coachella треба да биде музиката, тоа одамна не е така. Coachella стана нешто каде што мора да се видени инфлуенсерите и тиктокерите. На Coachella се создаваат и диктираат нови модни трендови, а фестивалот кој е создаден во 1999 година и денес е најважната модна писта на светот.

@shaklegion Shakira live Coachella 2024. #shakira #foryou #coachella ♬ som original - SHAKIRA LEGION

Тоа го докажуваат објавите на најголемите модни инфлуенсери и тиктокери во светот...

Coachella секогаш се одржува во април, во Empire Polo Club во Индија, Калифорнија. Фестивалот е создаден благодарение на групата Pearl Jam и нивниот конфликт со агенцијата Ticketmaster.

@varietymagazine Lana Del Rey arrives at her #Coachella ♬ original sound - Variety

Pearl Jam одбиле да свират на места кои биле поврзани со Ticketmaster, па го пронашле Empire Polo Club, сместен среде пустина, и решиле да настапат таму, докажувајќи дека луѓето се подготвени да патуваат каде било за да уживаат во добра музика.

@indiewire Billie Eilish joins Lana Del Rey at #Coachella to perform “Video Games.” #indiewire #coachella #lanadelrey #billieeilish #coachella2024 #movietiktok ♬ original sound - IndieWire

Тоа се случило во 1993 година, а веќе во 1999 година, на истото место се одржа Коачела. Првите изведувачи беа Beck, The Chemical Brothers, Tool, Morrissey и Rage Against the Machine, а билетите беа продадени за 50 долари. Веќе во првата година, Коачела ја доби титулата „анти-Вудсток“ затоа што изведувачите беа избрани врз основа на уметничкиот израз наместо популарноста на радио топ листите.

@xandrapohl

the glowup after a breakup is real… focus on yourself ladies it pays off

♬ we cant be friends - greeedyari

Веќе во 2012 година, фестивалот стана толку популарен што се одржуваше во текот на два викенда. Многумина мислеа дека тоа е многу ризичен потег и може да ги уништи организаторите, но билетите за двата викенда беа продадени во рок од три часа. Кога станува збор за музиката, Coachella нуди по нешто за секого - од електроника до инди рок. Таму настапија и Guns'n'Roses, Лејди Гага и Џеј Зи...

@1027kiisfm #charlixcx spotting at #coachella #charlixcxfan #charli #coachellaoutfit #coachella2024 #celebrity ♬ Dance You Outta My Head - Cat Janice

Во првите години на фестивалот, организаторите одбиваа какво било спонзорство и не сакаа да прикажуваат реклами на бините, тврдејќи дека тоа е спротивно на нивните принципи и дека на сцената треба да биде само бендот. Во меѓувреме, како што растеше Coachella, организаторите попуштија и се согласија да соработуваат со некои брендови, но сепак одбиваат големи реклами на бините.

@heyyjeffrey KA-ZU-HA 🇺🇸 🦅 #coachella #lesserafim #chaewon #kazuha ♬ Smart - LE SSERAFIM

Сепак, големите (особено модни) брендови сè почесто се поврзуваат со Coachella, па така, на пример, американскиот бренд Revolve го организира својот дневен фестивал заедно со Coachella, кој во изминатите две години стана речиси исто толку популарен како и самата Coachella. Со текот на годините, фестивалот кој беше противник на секаков вид рекламирање стана најголемата реклама во светот, најмногу за модата.

„Festival fashion“ е основана на Коачела, а инфлуенсерите секоја година се обидуваат да го доведат стилот на бохо фестивалот на сосема различни нивоа.

И додека на Инстаграм сето тоа секогаш изгледа прекрасно, во 2018 година новинарката на Teen Vogue Вера Паписова откри колку сексуално злоставување се случувало таму. Од 54 жени со кои разговарала на фестивалот, сите признале дека доживеале сексуално вознемирување на фестивалот, вклучително и една новинарка која тогаш изјавила дека била сексуално вознемирувана дури 22 пати за десет часа.

Доживеала сексуално вознемирување, вели таа, дури и додека чекала ред за храна.

„Страшно е и не можете да се потпрете на случајни луѓе околу вас за да ви помогнат. А уште потешко и пострашно е да им кажете нешто на тие големи мажи бидејќи тие можат да се налутат и да станат насилни. Ако не сте добри, тие може дури и да ве повредат “, ѝ рекло тогаш 16-годишно девојче кое се забавувало на фестивалот. Многумина ја земаа Коачела како пример за ужасното секојдневие низ кое секојдневно поминуваат жените ширум светот.

Швајцарија објави дека во оваа фаза Русија не е поканета на мировните преговори за Украина

Швајцарската влада денеска соопшти дека „во оваа фаза“ Русија не е поканета да учествува во разговорите за постигнување мировен договор меѓу Москва и Украина, што ќе се одржат во Швајцарија во средината на јуни.

-Швајцарија е убедена дека Русија треба да биде вклучена во овој процес, се вели во соопштението на владата во Берн.

Се додава дека мировниот процес без Русија е невозможен. /МИА

Ер Франс, КЛМ, Луфтханза и Брисел Ерлајнс се меѓу 20-те авиокомпании под истрага од ЕУ

Авиокомпаниите мора да разјаснат до кој степен тврдењата дека емисиите на јаглерод диоксид предизвикани од летовите може да се надоместат со „зелени“ проекти или употребата на одржливи горива се засновани на цврсти научни докази.

Европските авиокомпании „Ер Франс“, „КЛМ“, „Луфтханза“ и „Брисел ерлајнс“ се меѓу 20-те авиокомпании што се под истрага од страна на Европската унија за потенцијално погрешни практики дека нивната активност е ориентирана кон заштита на животната средина.

Ова го соопштија дел од компаниите, потврдувајќи ја информацијата на белгиската телевизија РТБФ.

Авиокомпаниите мора да разјаснат до кој степен тврдењата дека емисиите на јаглерод диоксид предизвикани од летовите може да се надоместат со „зелени“ проекти или употребата на одржливи горива се засновани на цврсти научни докази.

„Ер Франс“ потврди дека добиле писмо од Европската комисија. Компанијата во моментов ја прегледува нејзината содржина и ќе ги испита дејствијата што треба да се преземат, изјави портпаролот на француската авиокомпанија.

Луфтханза во соопштението наведе дека и таа внимателно го разгледува случајот.

Портпаролот на КЛМ рече дека холандската компанија, дел од групацијата Ер Франс, исто така добила писмо од ЕК. /МИА

Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра

Четиринаесет лица во Србија се приведени поради меѓународна измама преку „кол-центри“ во кои се оштетени неколку германски државјани за сума од околу еден милион евра, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Србија.

Како што се наведува во соопштението на МВР, на барање на Германија, припадници на полицијата и на Службата за борба против високотехнолошки криминал при Техничката управа учествувале во меѓународна полициска акција, а се однесува на измама извршена од меѓународно организирана криминална група.

При претрес на станови и други простории на 22 локации, од кои две се на територијата на Ниш и девет на територијата на Нови Пазар, пронајдени се доказни предмети./МИА

притисни ентер