Почна судењето на татко на шест деца , кои 9 години ги држел во подрум и ги силувал (ВИДЕО)

Татко од Холандија ги чувал своите шест деца во изолација и „ментално заробени“ цели девет години, злоупотребувајќи ги физички, сексуално и емоционално, изјавија холандските обвинители на судењето на Герит Јан ван Дорстен.

„Ова се злосторства против деца во исклучително зависна позиција“, изјави обвинителот Дајана Роген пред судот во Асен.

Ван Дорстен беше откриен во октомври минатата година, кога полицијата откри дека ги држел во заробеништво своите четири ќерки и два сина, на возраст од 18 до 25 години, на оддалечен имот во близина на градот Руинверволд. Според обвинителите, децата биле затворени во подрум цели 9 години.

Станарот на имотот, 58-годишниот Австриец Jозеф Брунер е уапсен за помагање на Ван Дорстен.

Осомничениот татко не се појавил на суд бидејќи се опоравува од срцев удар.

Случајот беше откриен кога најстариот син се појавил во локалната гостилница за да побара помош. Иследниците тогаш ги нашле децата во скриена просторија зад гардеробер.

Според обвинението, таткото постојано силувал една од ќерките и еден син, кои тогаш имале меѓу 12 и 15 години. Нивната мајка починала во 2004 година , кога таткото почнал со силувањата.

Тој го оправда својот напад тврдејќи дека „женскиот дух“ или духот на неговата мртва сопруга биле кај деца.

Обвинителите тврдат дека таткото ги чувал децата во изолација, велејќи им дека ќе дојдат во контакт со „демони“ надвор од домот. Тој се подготвувал и за судниот ден и објавувал видеа од подготовките , но не споменувал дека има деца.

Децата исто така тврделе дека нивниот татко ги тепал, ги казнувал со гушење или со часови седење во студена вода.

Постојат индиции дека осомничениот бил следбеник на култ, а портпарол на верскиот култ ,,Црква за обединување”, позната по масовни венчавки, потврдила дека насилникот бил нивен член.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер