Почнува 13. Фестивал на европски филм „Синедејс“

Над 100 филмови, 200 гости, десет концерти и пет филмски работилници ќе има на 13. Фестивал на европскиот филм „Синедејс“ кој ќе се одржува од денеска до 22 ноември, со проекции во кината Милениум, Фросина, Кинотека и Џебното кино во Младинскиот културен центар.

Во двете натпреварувачки програми - официјалната и „Синебалкан“ ќе има 15 филмови избрани од селекторот Бернд Будер, а за наградите ќе одлучуваат две меѓународни жирија.

Фестивалот вечер ќе биде отворен со филмот „Споменик на Мајкл Џексон“ (копродукција на Србија, Македонија, Германија и Хрватска) по сценарио и реѓија на Дарко Лунгулов. На 22 ноември „Синедејс“ ќе биде затворен со целовечерен концерт на филмска музика во изведба на оркестарот на Македонската филхармонија.

Земја во фокусот годинава е Бразил - ќе бидат прикажани најрепрезентативни филмови од кинематографијата на таа земја. Ќе има и кратки филмови на млади и перспективни македонски режисери, програма на музички документарци, составена во соработка со загрепскиот фестивал ДОРФ, а гала-програмата и оваа година ќе донесе филмски наслови и победници од последните фестивали во Кан, Венеција, Берлин и Карлови Вари и на големи автори, како Кроненберг, браќата Дарден, Ларс вон Трир, Мишел Гондри, Ким ки Дук, Годар, Кончаловски, Вуди Ален, Вим Вендерс, Фатих Акин...

„Синедејс 2014“ ќе има и богата придружна програма. Во соработка со Агенцијата за филм на РМ ќе биде организирана петдневна регионална тренинг-работилница на EAVE (најголема меѓународна мрежа на продуценти) со светски експерти за развој на филм.

Ќе биде организирана и регионална работилница за филмска камера, финансиски поддржана од европскиот фонд Еуримаж, како и работилница за филмска критика која ќе ја одржи познатиот филмски критичар Бојд Ван Хој, а како дел од проектот Офф ДОРФ ќе има конференција на тема: „Музичките документарци во транзицискиот 21 век”.

Во соработка со македонската компанија за анимација и визуелни ефекти во филм – Fx3x ќе гостува Виржини Бурдан, светски аниматор и специјалист за визуелни ефекти, дел од најголемата светска компанија за визуелни ефекти Moving Picture Company. Ексклузивен гостин на „Синедејс“ ќе биде и режисерот на филмот „Corn Island”, Џорџ Овашвили, кој победи на фестивалот Карлови Вари.

Фестивалот финансиски го помагаат Министерството за култура, Град Скопје и Делегацијата на ЕУ во Скопје. Организатор на „Синедејс“ е Младинскиот културен центар. Директорот Златко Стевковски на прес-конференција рече дека поради скромен буџет, непроменет од 2010 година, не можеле да донесат ѕвезди на фестивалот.


Фото: Британска манекенка ужива на одмор во Дубровник

Британската манекенка Ферне МекКан веќе одлучила да замине на одмор. Деновиве таа ги покажа своите фотографии од Хрватска. Како што откри таа е на одмор во Дубровник и околината.

„Верувајте си дека ќе го изберете она што е соодветно за вас. Најубавиот ресторан на островот. Каков прекрасен, посебен ден во Хрватска“, напиша таа во описот на фотографијата на која позира во црн костим за капење.

Дејли мејл известуваше за нејзиниот летен одмор во Хрватска. „Ферне МекКан ја истакнува својата неверојатна фигура во црно бикини додека се сонча во Хрватска“, гласи насловот на нивната статија.

Ферне неодамна изјави дека ослабела многу откако ја родила ќерката Финти, а многумина ја фалат затоа што покажала реален поглед на нејзиното тело. „Сакам да гледам реални фотографии, сите имаме целулит и маани кои попрво би ги немале, но добро е да ги славиме. Благодарам Ферне за искрената објава“, гласи пофалбата на еден следбеник.

Од 2022 година, Ферне е во врска со бизнисменот Лори Хејнс, со кој ја има ќерката Финти. Тој има уште една ќерка, од претходната врска.

Бајден настапи пред дипломците на Морхаус колеџот во Џорџија

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

Претседателот на САД, Џо Бајден во денешното обраќање пред дипломците во Морхаус, високообразовна установа од Џорџија каде мнозинството студенти се афроамериканци, прати пораки од неговата предизборна кампања за зацврстување на врските со младите од етничките малцинства.

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

- Сакам сите да запаметите, кога не избраа први ни велеа дека нема да направиме ништо значајно. Но ние направивме се. Благодарејќи вам … Мошне многу ценам што ми дадовте можност за повторен настап тука, изјави претседателот во обраќањето до дипломците на Морхаус.

Тој говореше и за својот соперник на претстојните избор – поранешниот претседател Доналд Трамп.

- На овие избори многу е ставено на коцка, мошне многу. Станува збор не за мене, туку за алтернативата … Работата е во тоа што тој (Трамп) изложи што имено планира да прави (ако биде избран). И републиканците во Претставничкиот дом ќе кажат и моите колеги ќе кажат, што тие имено ќе прават ако победат, рече Бајден.

Колеџот Морхаус е основан во 1867 година како машки колеџ за школување на црномурести кои скоро биле ослободени од ропство. Еден од они кои дипломирале тука е и Мартин Лутер Кинг помладиот.

Морхаоус е голем град во Џорџија со има значајна улога во претседателската трка во 2024 година. Бајден овде во 2020 година стана првиот кандидат за претседател од Демократската партија кој доби поддршка од оваа држава по Бил Клинтон во 1992 година.

Бајден денеска попладне патува во посета на Мичиген, каде ќе учествува на настан организиран од Детроитски фонд за борба за слобода. /МИА

Алкалоид го освои трофејот во ракометниот Куп на Македонија

Ракометарите на Алкалоид се победници во Купот на Македонија, откако вечерва во финалето одиграно во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го совладаа фаворитот Еурофарм Пелистер со 25:23 по изведувањето пенали.

Ова е прв трофеј во својата куса историја за младиот тим на Алкалоид кој на завршниот турнир ги совлада најголемите две имиња во македонскиот ракомет, Вардар и Еурофарм Пелистер.

Во финалето двете екипи во повеќе наврати се менуваа во водство, највисокото беше четири голови разлика, за на крај победникот да биде решен по пенал-рулетот во кој се истакна голманот на скопскиот тим Иван Галевски.

Токму Галевски беше прогласен за најдобар голман на завршниот турнир, наградата за најдобар стрелец отиде кај Богдан Радивојевиќ, а за МВП Филип Кузмановски (двајцата од Еурофарм Пелистер).

Претходно во текот на денот, во женското финале, Ѓорче Петров го победи Чаир со 36:24. /МИА

притисни ентер