Почнува реконструкцијата на Инфективното одделение во Клиничката болница-Штип

Почна имплементација на проектот за реконструкција на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип.

Директорот на болницата, Ален Ѓеорѓијев вели дека проектот се реализира преку програмата за Меѓугранична соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија. Првата фаза од реконтрукцијата чини 200.000 евра.

– Во првата фаза предвидена е комплетна замена на прозорците, вратите, столарија и сијалици, што ќе работат на принципот на фотоволтачиен систем. Освен тоа комплетно ќе биде санирана фасадата, истакна Ѓеорѓијев.

Во наредните две години овој проект ќе се реализира, а партнер на штипската Клиничка болница е бугарската општина Гоце Делчев.

Ѓеорѓијев појаснува дека ќе се бараат и средства и за реализација на втората фаза, што предвидува замена на покривот и инсталацијата, а со третата фаза се предвидува реновирање на болничките соби и комплетно да се замени начинот на греење на зградата. Ова одделение, кое е единствено во источниот регион, по изградбата на новиот објект на Клиничката болница ќе остане да функцинира во постојната зграда./МИА

Директорт на ЦИА Барнс, денеска ќе се сретне со израелскиот премиер Нетанјаху

Директорт на ЦИА, Вилијам Барнс, денеска ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс денеска ќе разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и други официјални претставници, објавија светските агенции, повикувајќи се на извор запознаен со неговиот план за патување.

Барнс во Израел ќе пристигне од Каиро каде се преговара за прекин на огнот во војната во Појасот Газа.

Лондонски Гардијан напиша дека сите пет делегации кои вчера учествуваа во разговорите во во Каиро - Хамас, Израел, САД, Египет и Катар - го поддржаа обновувањето на преговорите.

Два извора од египетската делегација потврдија дека се очекува преговорите да продолжат и денеска.

Портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, синоќа изјави дека Хамас претставил изменет предлог и дека новиот текст укажува дека преостанатите разлики можат апсолутно да се надминат.

Тој, меѓутоа, одби да открие други детали од преговорите.

Израел во понеделникот соопшти дека предлогот за трифазен прекин на огнот, прифатен од Хамас, е неприфатлив за нив бидејќи „условите се ублажени“.

НБА: Убедливи победи на Бостон и Оклахома

Првите носители во своите конференции во американската професионална кошаркарска НБА лига, Бостон на Истокот и Оклахома на Западот, со убедливи домашни победи ги почнаа своите конференциски полуфиналиња.

Бостон синоќа го победи Кливленд со 120-95, додека Оклахома беше подобра со 117-95 од Далас.

Џејлен Браун со 32 поени го предводеше Бостон до стартната победа, додека Шеј Гилџес – Александер беше најефикасен во дресот на Оклахома со 29 кошеви.

Вторите натпревари, исто така, ќе се играат во Бостон и Оклахома, а на програмата се ноќта меѓу четврток кон петок.

Во конференциското финале ќе се пласираат поуспешните екипи во сериите до четири победи.

притисни ентер