Поетски читања со Роман Кисјов од Бугарија и Имануел Мифсуд од Малта

Во рамките на програма за книжевници под мотото „Апсолутно модерен“, а во организација на издавачката куќа Готен, во наредниот период во Скопје, Штип, Крушево и Струга ќе бидат организирани поетски читања со авторите Роман Кисјов од Бугарија и Имануел Мифсуд од Малта.


Вечерва во Штип во соработка со Домот на млади, домаќини на гостите ќе бидат поети од најмладата книжевна генерација Афродита Николова, Митко Гогов и Елена Пренџова.

Во арт кафето Менада во Скопје, утревечер во соработка со Независни писатели на Македонија, книжевната вечер ќе се одвива во формата на поетските хијазми, при што авторите Роман Кисјов, Ронит Бергман, Лилјана Дирјан и Богомил Ѓузел, ќе читаат и песни кои обострано си ги превеле, на бугарски, македонски и хебрејски.

Поетскиот караван ќе продолжи во Крушево, на 22 септември, каде во соработка со локалните културни институции, Крушевски театар и Младинска културна акција, под мотото „поезија на високо“ и ќе има и музичко-перформативен карактер.

Последната поетска вечер ќе се одржи во Струга, на 23 септември, каде во соработка со Струшките вечери на поезијата, Кисјов и Мифсуд ќе настапат во Спомен домот „Браќа Миладиновци“.

Престојот во Македонија Кисјов и Мифсуд ќе го искористат за подобро да се запознаат со книжевната, интелектуалната и културната сцена и да остварат продлабочени и трајни контакти, кои во перспектива ќе ги направат пријатели и амбасадори на македонската книжевност и култура.

Роман Кисјов (роден 1962 г. во Казанлак, Бугарија) е исклучителен автор, по образование академски сликар, специјалист по живопис. Истовремено е и еден од најзначајните современи бугарски поети и препејувачи. Тој со подеднаква доблест твори и во визуелната уметност и во поезијата. И во двете, како и во многубројните илустрации на поетски книги се провлекува истородна поетика, под знакот на Светлината, Светоста и Убавината. Ефтим Клетников го нарекува теургиски поет, со огромна вера во силата на Словото, поет на тајната и на мистичното чувствување на микро и макрокосмосот... Негови стихови се преведувани на многу европски јазици, а меѓу другото и на ерменски, грузиски, хебрејски, арапски, кинески, хинду и бенгалски. Роман Кисјов е вистински амбасадор на македонско-бугарските книжевни врски. Има преведено преку петнаесет македонски поети со репрезентативни избори на бугарски јазик. Во рамките на резиденцијалниот престој, Роман Кисјов ќе работи на најновата антологија на македонска поезија.

Имануел Мифсуд (роден 1967 г. во Малта) го сметаат за водечки глас на малтешката генерација Икс. Нашироко е ценет за своите отворени и пластични прикази на современиот живот на Малта. Во 2005 година неговата збирка раскази Хемија предизвика бројни контраверзи откако беше забранета поради „непримерна содржина“. Инцидентот се случи неочекувано, откако неговата претходна книга, Чудните приказни на Сара Сју Семат ја освои најпрестижната Национална награда за литература. За краткиот роман Во името на отецот (и на синот) ја доби престижната награда за литеарутра на ЕУ во 2011 година... Тој предава малтешка поезија, критика и книжевна теорија на Универзитетот во Малта и негов главен академски интерес се теоријата на телото и претставувањето на телото во литеартурата.

Фото: Британска манекенка ужива на одмор во Дубровник

Британската манекенка Ферне МекКан веќе одлучила да замине на одмор. Деновиве таа ги покажа своите фотографии од Хрватска. Како што откри таа е на одмор во Дубровник и околината.

„Верувајте си дека ќе го изберете она што е соодветно за вас. Најубавиот ресторан на островот. Каков прекрасен, посебен ден во Хрватска“, напиша таа во описот на фотографијата на која позира во црн костим за капење.

Дејли мејл известуваше за нејзиниот летен одмор во Хрватска. „Ферне МекКан ја истакнува својата неверојатна фигура во црно бикини додека се сонча во Хрватска“, гласи насловот на нивната статија.

Ферне неодамна изјави дека ослабела многу откако ја родила ќерката Финти, а многумина ја фалат затоа што покажала реален поглед на нејзиното тело. „Сакам да гледам реални фотографии, сите имаме целулит и маани кои попрво би ги немале, но добро е да ги славиме. Благодарам Ферне за искрената објава“, гласи пофалбата на еден следбеник.

Од 2022 година, Ферне е во врска со бизнисменот Лори Хејнс, со кој ја има ќерката Финти. Тој има уште една ќерка, од претходната врска.

Бајден настапи пред дипломците на Морхаус колеџот во Џорџија

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

Претседателот на САД, Џо Бајден во денешното обраќање пред дипломците во Морхаус, високообразовна установа од Џорџија каде мнозинството студенти се афроамериканци, прати пораки од неговата предизборна кампања за зацврстување на врските со младите од етничките малцинства.

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

- Сакам сите да запаметите, кога не избраа први ни велеа дека нема да направиме ништо значајно. Но ние направивме се. Благодарејќи вам … Мошне многу ценам што ми дадовте можност за повторен настап тука, изјави претседателот во обраќањето до дипломците на Морхаус.

Тој говореше и за својот соперник на претстојните избор – поранешниот претседател Доналд Трамп.

- На овие избори многу е ставено на коцка, мошне многу. Станува збор не за мене, туку за алтернативата … Работата е во тоа што тој (Трамп) изложи што имено планира да прави (ако биде избран). И републиканците во Претставничкиот дом ќе кажат и моите колеги ќе кажат, што тие имено ќе прават ако победат, рече Бајден.

Колеџот Морхаус е основан во 1867 година како машки колеџ за школување на црномурести кои скоро биле ослободени од ропство. Еден од они кои дипломирале тука е и Мартин Лутер Кинг помладиот.

Морхаоус е голем град во Џорџија со има значајна улога во претседателската трка во 2024 година. Бајден овде во 2020 година стана првиот кандидат за претседател од Демократската партија кој доби поддршка од оваа држава по Бил Клинтон во 1992 година.

Бајден денеска попладне патува во посета на Мичиген, каде ќе учествува на настан организиран од Детроитски фонд за борба за слобода. /МИА

Алкалоид го освои трофејот во ракометниот Куп на Македонија

Ракометарите на Алкалоид се победници во Купот на Македонија, откако вечерва во финалето одиграно во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го совладаа фаворитот Еурофарм Пелистер со 25:23 по изведувањето пенали.

Ова е прв трофеј во својата куса историја за младиот тим на Алкалоид кој на завршниот турнир ги совлада најголемите две имиња во македонскиот ракомет, Вардар и Еурофарм Пелистер.

Во финалето двете екипи во повеќе наврати се менуваа во водство, највисокото беше четири голови разлика, за на крај победникот да биде решен по пенал-рулетот во кој се истакна голманот на скопскиот тим Иван Галевски.

Токму Галевски беше прогласен за најдобар голман на завршниот турнир, наградата за најдобар стрелец отиде кај Богдан Радивојевиќ, а за МВП Филип Кузмановски (двајцата од Еурофарм Пелистер).

Претходно во текот на денот, во женското финале, Ѓорче Петров го победи Чаир со 36:24. /МИА

притисни ентер