Пол ќе го пропушти плејофот за прв пат по 14 години

Кошаркарот на Голден Стејт вориорс, Крис Пол оваа година нема да игра во плејофот.

Вориорс ноќта вторник кон среда загубија од кралевите во плејин натпревар со 118:94.

Ветеранот го пропушта разигрувањето за титулата за прв пат по 14 години. Последен пат тој не играше во плејофот во сезоната 2009/10, кога настапуваше за Њу Орлеанс.

Во 19 сезони во НБА, еден од најдобрите пикови број 1 во историјата никогаш не се пласираше во финалето на НБА плејофот.

Триесет и осумгодишниот кошаркар во дебитантсската сезона за Голден Стејт имаше просек од 9,2 поени, 3,9 скока и 6,8 асистенции по натпревар. /МИА

Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во четврток и петок на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Дневната температура од четврток ќе биде во постепено опаѓање.

Времето денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен

правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени.

Времето во Скопје, ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи до 26 степени.

Корисниците на „Apple“ се бесни: Не можат да пристапат до нивните сметки

Фрустрираните корисници пријавија дека се одјавени од нивните сметки на „Apple ID“ и од нив се бара да ги променат лозинките.

„Apple ID“ имаше проблеми изминатиот викенд. Како што известува „9to5Mac“, корисниците на „Apple“ почнаа да се жалат на интернет дека се одјавени од нивните сметки на „Apple ID“ од сите нивни уреди, без објаснување.

Откако се обидоа да се логираат на нивниот профил, некои беа целосно заклучени, и покрај внесувањето на точните информации, и мораа да ги ресетираат лозинките.

„Apple“ допрва треба да даде официјална изјава за проблемот, а страницата за статус на системот на компанијата не споменува никакви проблеми со „Apple ID“ или други системи.

Не е познато колку корисници се погодени од овој проблем, а голем број од нив се пожалија на социјалните мрежи.

Извор: Б92

ИЈЗ: Меланом - најопасен облик на рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Меланомот е најопасен облик на рак на кожа, а може да се излечи доколку се открие навреме, порачуваат од Институтот за јавно здравје денеска, во пресрет на мај - месецот на борба против ракот на кожата.

- Иако меланомот може да ги зафати сите делови на кожата од телото, сепак тој најчесто се јавува на деловите од телото што се најмногу изложени на сонце, предупредуваат од Институтот.

Постојат повеќе начини за луѓето да се заштитат од ризик факторите, поврзани со меланомот. Како што наведуваат од Институтот, треба да се избегнуваат најтоплите часови во текот на денот, добро да се покрие телото и да се користат заштитни средства против сонце.

притисни ентер