Политички профил на Максим Димитриевски, кандидат за претседател на „ЗНАМ“

За визиите и програмата со Максим Димитриевски разговараше Ивана Стојановска.

На кафе муабет и спонтани средби со граѓаните, наместо класични митинзи... претседателскиот кандидат од Движењето „За наша Македонија“ Макисм Димитриевски на еден малку поинаков начин ја бара поддршката од граѓаните за иден шеф на државата. Вели дека ваквиот пристап е негово секојдневие како градоначалник и не гледа зошто тоа би се променило доколку ја извршува највисоката државна функција. Вели дека граѓаните најчесто му приоѓаат да му изразат поддршка, но не крие дека има и такви кои доаѓаат и со критика.

„Првата критика ми рекоа да ослабам. Тоа ми е една од главните критики. Друга критика е општа кон сите ниво на власт. Луѓето имаат чувство дека сите се подеднакви и исти, но ние не сме исти и најголем број од барањата на граѓаните кон мене се да останам таков каков што сум и јас им ветувам дека таков претседател ќе имаат во мене, ист каков што бил Максим и во минатото или во моментов додека имплементирам позиција градоначалник на најголемата општина. Таков ќе бидам и од позиција претседател бидејќи сметам дека Македонија заслужува другар-претседател, комшија-претседател, човек од нив – за нив“.

Неговата визија за Македонија е самоодржлива држава на среќни граѓани со повисоки плати и пензии, а не приватзиирана и партизирана држава од големите партии.

„Држава во која личните приходи на секој граѓани, вклучувајќи ги и пензионерите ќе бидат на соодветно виоско ниво. Недозволиво е еден професор во училште да има најниска плата во целиот регион од околу 30.000 денари, едноставно да се обидеме тоа што го имамве до пред 91-година да го вратиме назад. Моралот на народот треба да се крене и љубовта кон својата држава да се врати. На Македонија и е потребен национален триумф. Сакам да гелдам насмеани граѓани и позитивни луѓе. Гледам дека младите не се среќни и мора да им се даде шанса и можности, рпед се на сите првенции на генерациите. Државата мора да им објасни на луѓето во јавната администрација дека терба да бодат во функција на граѓаните, треба да изградиме ситем на вредности“.

Како престедателски кандидат се залага за влез во ЕУ, но не верува дека Македонија ќе стане членка до 2030-та. А доколку седне во Вила Водно најавува бескомпромисна битка со полтичката и корупцијата во судството и афирмација на земјава на меѓународен план.

„Да се сузбие политичката корпуција која е во огромна експанзија и е во својот зенит. Поединци се обидуваат да ја поседуваат Македонија. Но, таа и припаѓа на сите нејзини граѓани, а не на поединци. Во меѓувреме секако земјата да велзе во ЕУ, но влезот нема да дојде како што го највуваа Владата до 2030-та, тоа е чиста манипулација. Ние имаме да отвориме 35 Поглавја, а 34-то е токму она суштинското за јазикот. Но претходно со ова ниво на корупција и криминал во државата никој таму нема да ве прими“.

Максим Димитриевски вели дека не влегол во политика, а уште помалку во претседателската трка само за да и пркоси на партијата во која своевремено и тој беше член, туку за да победи. За поклопувањето на дел од неговата предизборна програма со некои од ветувањата на двете најголеми политички партии, Димитриевски вели дека за разлика од нивните, проектите кој тој ги ветува се со конкретни датуми и рокови, а не само празни ветувања.

„Јас во оваа трка сум за да станам претседател на државата, бидејќи сметам дека Македонија треба да има независен претседател, кој што нема да зависи, ниту да должи на политички субјекти, туку ќе има обврска единствено кон граѓаните и ќе биде заштитник на граѓаните и на Уставот. Многу сме различни, не сме по ништо исти. Нашите решенија се конкретни – со конкретни рокови, а мило ми е што има и голем број на плагијати од нивна страна бидејќи ако се сеќавате јас сум првиот кој го даде решението како да се надмине спорот со соседна Бугарија и внесување на Бугарите во уставот. Ние немаме ништо против бугарскиот народ. Нам ни смета негацијата која што доаѓа од Софија. Ни смета што недостасува реципроцитет и дополнителни ни смета што сето тоа го правиме под притисок. Ќе мора одредени наши европски партнери да се подосвестат и многу посериозно да го видат проблемот, бидејќи ќе мора да биде решен на релација Скопје-Софија со посредништво на меѓународниот фактор“.

Димитриевски вели дека е единствениот претседателски кандидат на кого му се вршат притисоци пред изборите преку монтирани случаи против него. Но порачува дека на тој начин нема да го дикредитираат, ниту да го демотивираат – напротив ќе се бори уште посилно и во кампањата и на денот на изборите. Очекува бројот 7 на гласачкото ливче на 24-април најпрво да му донесе влез во вториот круг, а потоа и можна победа на претседателските избори.

НАТО: Се интензивираат хибридните напади на Русија врз членките на Алијансата

Членките на НАТО се длабоко загрижени поради неодамнешните зголемени злонамерни хибридни напади на Русија на територијата на земјите од Алијансата, кои претставуваат безбедносна закана, соопшти денеска Алијансата.

Тоа, според соопштението објавено на веб-страницата на НАТО, вклучува напади кои резултираа со истрага и обвинение против повеќе лица во врска со непријателски активности кои ги засегаат Чешка, Естонија, Германија, Летонија, Литванија, Полска и Велика Британија.

НАТО го осуди однесувањето на Русија и ја повика да ги почитува нејзините меѓународни обврски, велејќи дека постапките на Москва нема да ги одвратат членките на Алијансата да продолжат да ја поддржуваат Украина.

Во соопштението се наведува дека овие инциденти се дел од „интензивната кампања на Русија која продолжува да ја спроведува на целата територија на земјите членки на НАТО“.

Се наведува дека овие инциденти вклучуваат саботажа, акти на насилство, кибер и електронско попречување, кампањи за дезинформација и други хибридни операции.

НАТО ја нагласува солидарноста со земјите-членки погодени од руските хибридни напади и истакнува дека ќе дејствува колективно за да ги реши таквите акции.

Се нагласува дека Алијансата ќе продолжи да се спротивставува на руските хибридни напади. /MИА

Папата Фрањо упати честитка до монсињор Стојанов по повод 25-годишниот бискупски јубилеј

25-годишен јубилеј од хиротонијата на Киро Стојанов.

Апостолскиот нунциј во земјава монсињор Лучано Суријани, придружуван од првиот советник во нунцијатурата монсињор Џорџо Кеца, вчера во бискупската резиденција на Водно лично му ја предаде честитката од папата Фрањо на бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов по повод неговиот 25-годишен јубилеј од хиротонијата.

- Наполнуваш дваесет и пет години од твојата епископска хиротонија. Ви го честитаме овој јубилеј и пастирската служба која грижливо ја извршуваше. Тоа всушност е служба на постојано проповедање на Евангелието и посветено толкување на христијанската вистина. Преку застапништво на Пресвета Богородица, која се вознесе на небо, Го молиме Господа за ведрина на духот и добро здравје. Исто така упатуваме благослов до Тебе и твоето стадо, со понизна молба да упатувате молитви, па така – зајакнати со верата, надежта и љубовта – посветено да ја извршуваме петровата служба, се наведува во честитката.

Редовната седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во БИХ ќе се одржи на 15 мај

Редовната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за ситуацијата во Босна и Херцеговина ќе се одржи на 15 мај, соопшти Советот за безбедност на ОН.

Засега не се објавени дневниот ред и времето на одржување на седницата.

На 30 април на барање на Русија се одржа вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Босна и Херцеговина.

Владата на Република Српска претходно до Советот за безбедност на ОН достави извештај за состојбата во БиХ, со посебен осврт на последиците од евентуалното усвојување на резолуцијата за Сребреница, која беше поднесена до Генералното собрание без согласност од сите три конститутивни народи во БиХ.

Редовни седници на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Босна и Херцеговина се одржуваат двапати годишно. /МИА

притисни ентер