Помпео во Турција се сретна со верските лидери,ќе нема средби со политички претставници

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, денеска се состана со верски лидери во Истанбул за да разговара за верските слободи во Турција и регионот.

Иако не била закажана средба со владини претставници, Помпео потврди дека би сакал да ги „убеди“ да престанат со „многу агресивни“ активности.

Помпео, чија програма на посети предизвика критики од Анкара, се состана утрото со Цариградскиот патријарх Вартоломеј, духовен поглавар на Православната црква, во седиштето на Константинополската Вселенска патријаршија, пред да ја посети блиската џамија Рустем Паша.

Во придружба на неговата сопруга и американскиот амбасадор во Анкара, Дејвид Сатерфилд, Помпео потоа се состана со апостолскиот нунциј во Турција, Пол Расел, во неговиот хотел.

На состаноците, министерот за надворешни работи на САД разговарал за „верските прашања во Турција и регионот“ и го потврдил „цврстиот став на САД во врска со ова прашање“ што Помпео го наведе како врвен приоритет во областа на човековите права.

„Ние сигурно имаме за што да разговараме во однос на верските слободи во Турција“, рече Помпео.

Турција доживеа бран критики од христијанскиот свет во јули кога ја претвори поранешната базилика Света Софија во џамија, лишувајќи ја од музејскиот статус.

Анкара рече дека верската слобода во Турција е заштитена и дека САД треба да се погледнат во огледало и да се соочат со расизам, исламофобија и злосторства од омраза во својата земја.

Без билатерални разговори, Помпео нема да може да разговара со турските колеги за голем број спорни прашања што ги покренал вчера на разговорите со францускиот претседател Емануел Макрон. Тој се согласи со него дека неодамнешните потези на Турција биле „многу агресивни“ и тие исто така разговарале за поддршката на Турција за Азербејџан во конфликтот во Нагорно Карабах и однесувањето на Турција во Либија.

Неодамна, Стејт Департментот потврди дека санкциите против Турција се „многу реални“.

Хамас: Повикот на Израел за евакуација на Рафа ќе доведе до колапс на преговорите за примирје

Официјален претставник на Хамас за порталот Вала изјавил дека повикот на Израел до цивилите да евакуираат делови од Рафа пред потенцијална копнена офанзива ќе доведе до колапс на преговорите за договор за заложниците и примирје.

- Израелската одлука да започне евакуација на населението ќе ги запре преговорите за договорот, кои добро напредуваа и бевме блиску до договор, изјавил претставникот на исламистичката терористичка група за новинската страница Вала.

- Нетанјаху е во илузија дека заканата за инвазија врз Рафа ќе изврши притисок врз Хамас, но тоа само ќе доведе до колапс на преговорите, вели претставникот, пренесува Тајмс од Израел.

Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово

Како што соопшти денеска полицијата, лицето е спроведено во Казнено - поправната установа „Затвор - Куманово“ за доиздржување на казната.

Педесет и седумгодишник од неготинското село Долни Дисан, синоќа во 22 часот бил приведен од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи од Неготино, поради бегство од казнено - поправната установа „Затвор - Куманово“, каде издржувал затворска казна.

Како што соопшти денеска полицијата, лицето е спроведено во Казнено - поправната установа „Затвор - Куманово“ за доиздржување на казната.

Мегваер е надвор од терените до крајот на сезоната поради повреда

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер ќе биде надвор од терените поради повреда, објавија од прес-службата на клубот на социјалните мрежи.

Играчот ќе пропушти околу три недели, па повеќе нема да се појавува на теренот на преостанатите натпревари.

Оваа сезона фудбалерот одигра 22 натпревари за Манчестер јунајтед во англиското првенство, на кои постигна два гола и оствари две асистенции.

Вечер од 21 часот Манчестер јунајтед ќе се сретне со Кристал Палас на гостински терен.

притисни ентер