Поради еден потег, цела Европа му се смее на Левандовски: Можеше ли поочигледно? (ВИДЕО)

Навивачите на Барселона немаа причина да слават по реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.

По пресвртот, гостите славеа со 4:1, ја неутрализираа негативата од првиот натпревар и го оставија целиот „Монтјуик“ во шок.

Сѐ започна добро за шпанскиот тим бидејќи Рафиња ја отвори мрежата за гостите, но црвениот картон на Роналдо Араухо наруши сѐ. Усман Дембеле, Виња и двапати Килијан Мбапе ги урнаа сите надежи на повеќекратниот европски првак, а навивачите на матичниот клуб ги оставија гневни на судиите.

Додуша, би се рекло дека никој не може да го обвини Иштван Ковач за црвениот картон на Уругваецот, исто како и за исфрлањата на Чави и еден од неговите помошници, но Романецот ќе остане омразено лице во Барселона.

А сепак, поради една ситуација, Ковач ќе биде доста вирален во наредните денови. Повеќе поради Роберт Левандовски.

На еден од дуелите со Маркињос, Полјакот остана на тревата и го фати за врат како Бразилецот да го дави. Имаше елементи за фаул, но цела Европа му се смее на Леви поради неговата реакција.

Контактот навистина не беше толку груб, па и покрај тоа, дефанзивецот на ПСЖ доби опомена.

ОЦХА: Отстранувањето на експлозивните направи во Појасот Газа ќе трае 14 години

Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (ОЦХА) соопшти дека отстранувањето на бомбите и другите видови неексплодирани смртоносни средства во Појасот Газа може да потрае 14 години.

Според процените на ОН, за време на војната во Појасот Газа настанати се 37,5 милиони тони урнатини, а поголемиот дел од нив е покриен со бомби и други видови муниција кои не експлодирале.

ОЦХА соопшти дека околу два милиони луѓе или половина од населението на Појасот Газа, нашле засолниште во Рафа, но немаат пристапат до основните потреби како што се здравствена заштита, чиста вода и санитарни објекти. /МИА

МП: Дозволена е екстрадицијата на Љупчо Палевски, првоосомничен за убиството на Вања и Панче

Министерството за правда информира дека е добиено  официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена.

Турските власти уште во февруари му ветиле на министерот за правда Кренар Лога дека во брзо време во земјава ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски Палчо, но иако му бил посочен и рок, тој не сакаше да сподели кога ќе се случи тоа бидејќи се уште траат административните процедури.

Инаку, веќе е завршена судската процедура за Палевски, кој е првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Додека се чека на екстрадицијата на Палевски, од притвор излезе таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, на кого Врховен му ја прифати жалбата, а осомничените за соучесништво Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски остануваат во притвор.

По три месеци поминати во притвор возачот Стефан Димковкси кој го превезуваше Палевски низ Србија Бугарија и Турција, беше пуштен да се брани од слобода и му беа определени мерки на претпазливост.

Зеленски: Украина ќе влезе во НАТО по победата во војната со Русија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски е убеден дека Украина ќе се приклучи во НАТО по победата во војната со Русија.

Зеленски го изјави ова за време на состанокот со офицери кои минуваат курсеви за професионално воено образование според стандардите на НАТО, со учество на генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

„Според мое лично мислење, ние ќе бидеме во НАТО дури кога ќе победиме“, нагласи Зеленски. /МИА

притисни ентер