Поради лажните вести за коронавирусот , Амазон забрани продажба на над милион производи

Амазон најави дека забранува продажба на милион производи во последните неколку недели заради лажните тврдења дека производите лекуваат од коронавирусот или штитат од инфекција.

Досега, најмалку 2.800 луѓе починале од инфекција со коронавирус ширум светот.

Амазон е под лупа поради производите што се продаваат на нивната платформа, за кои се тврди дека нудат сигурна заштита од инфекцијата. Италијанските власти поднесоа кривична пријава оваа недела против трговците кои ги измамиле клиентите со ваквите тврдења, продавајќи им заштитни маски и средства за дезинфекција по неверојатни цени и до 5 000 евра за маска.

Италија бележи најголем број на инфекции со коронавирус во Европа и воведе карантин во неколку градови за да го спречи неговото ширење. Многу аптеки останаа без заштитни маски и средства за дезинфекција, а граѓаните почнаа да ги купуваат преку интернет, по нереално високи цени.

„Цената на маската на интернет се искачи од еден евроцент на 10 евра, а едно литарско шише средство за дезинфекција од седум евра минатата недела на 39 евра во вторникот“, изјави јавниот обвинител на Милано, Тицијана Сицилијано.

Новинар на Ројтерс ги проверил цените на веб-страницата, откривајќи дека во малопродажба Амазон продавала пакет од 10 американски 3М заштитни маски за 128 долари. До неодамна, просечната продажна цена на пакет била 41,24 долари според податоците на camelcamelcamel.com.

Дополнителните проверки во текот на денот открија дека производот веќе не е достапен, пренесува Ројтерс.

„Амазон не толерира надувани цени“, се вели во изјавата на портпаролката на американската компанија. Таа се осврна на политиката на компанијата дека информациите за производот мора да бидат точни и истакна дека Амазон може да ги отстрани понудите доколку се утврди дека ја нарушува довербата на клиентите.

Ова исто така важи и за цените „значително повисоки од она што се барало за одредени производи во претходниот период, на или надвор од Амазон“, додаде таа.

Компанијата не сакаше да објасни како тие го пресметуваат овој ценовен скок.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер