Поради непријатна ситуација во лунапарк, ослабела 83 килограми (фото/видео)

Губењето на тежината ја довел до нов проблем поради што ја нарекуваат летечка верверица! 

Кимберли Несторик (27) е жена од Пенсилванија која во еден момент се соочила со фактот дека тежи дури 140 кг. Таа го променила личниот опис, но сепак трпи негативни коментари на социјалните мрежи.

Нејзината четиригодишна ќерка бара големо внимание, а Кимберли поради својата тежина честопати не можела да ја следи својата ќеркичка, па била принудена да ја пушта сама.

Најмногу килограми добила за време на пандемијата, кога не излегувала никаде и јадела исклучиво купена храна. Цел живот живеелa на брза храна, а тоа резултирало со фактот да тежи дури 140 кг. Во еден момент, сфатила дека мора да ослабе за да учествува во животот и растењето на својата ќерка.

Едно летно попладне Кимберли ја одвела својата ќерка во лунапарк, но таму се соочила со голема непријатност.

- Сакав да се качам на вртелешката со ќерка ми за да не биде сама, но вработените ми рекоа дека сум претешка. Не можеа да ми стават ни безбедносен појас, зашто „таков“ не постои. врзат појас, пошто „таков“ појас не постои. Тоа беше црвено светло за тревога, аларм дека морам итно да променам нешто. Отидов дома и бев решена да започнам со план за исхрана и вежбање. Почнав да јадам само храна што сама ја приготвувам. Го намалив месото и внесов повеќе зеленчук, што ме заситуваше. Почнав да тренирам четири пати неделно. Ослабев дури 83 килограми за рекордно време – објаснила Несторик за „Мирор“.

Таа сега има 57 кг., но се соочува со проблем настанат поради вишокот кожа.

Според Кимберли, виснатата кожа не само што е естетски проблем, туку ја спречува во секојдневното функционирање. Таа мора да носи стегачи, од кои добива осип кога е топло. Операцијата за отстранување на вишокот кожа изнесува од 8 до 15 илјади долари, и штом собере пари, таа е решена да се ослободи од неа. Како што кажува, шест месеци откако ослабела, успеала да најде нов партнер.

Поради проблемот со вишокот кожа, на социјалните мрежи ја нарекуваат летечка верверица или падобран. Иако партнерот ѝ вели да не обрнува внимание, сепак на оваа млада жена ѝ е тешко кога ќе прочита такво нешто за себе и своето тело.

@shrinking.kim My smile was so big 🥺 It makes me want to cry. The progress I have made over the past two years is incredible and the hardest thing I have done in my entire life. 175lbs and over 90% of my excess body weight ARE GONE. It took me 27 years, but I finally got healthy. #weightloss #looseskincheck #weightlosscheck #weightlosstransformation #weightlossjourney #weightlossmotivation #wls #nsv #vsg #healthy #bodypositivity #caloriedeficit #gymtok #fittok #momtok #weightlossprogress #beforeandafter #transformation #progressphoto ♬ it's been a year - Ashley Cooke

Истрели во близина на Амбасадата на Израел во Стокхолм

Шведската полиција приведе неколку лица и блокира голема област во Стокхолм откако патролата слушнала сомнителни истрели.

Полицијата ја блокира областа помеѓу мостот Диргарден во главниот град, Нобеловиот парк и црквата Оскар. Во оваа област е лоцирана Амбасадата на Израел.

Започната е истрага под сомнение за сериозни прекршоци со оружје.

Без струја дел од скопските општини Илинден и Кисела Вод

 Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Илинден и Кисела Вода, соопшти РЦУК - Скопје.

Во периодот од 08:30 до 09:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „34“ во населбата Илинден, а од 09:00 до 13:00 часот корисниците од улицата „Востаничка“ во општина Кисела Вода.

Во Скопје санкционирани 108 возачи

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се 108 мерки за прекршоци во областа на сообраќајот, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. 

Од нив, девет мерки се за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење на сигурносен појас...

притисни ентер