Поранешен полицаец “апсел“ жени па ги терал на секс за да ги пушти?

Поранешниот детектив Ендру К. Мичел (55) од Охајо е обвинет дека киднапирал жени, па подоцна ги присилувал на сексуални односи во замена за слобода, наведуваат американските обвинители.

Тој е уапсен во понеделникот, пренесува „Њујорк пост“.

Обвинителите наведуваат дека Мичел во текот на 2017 година и пришол на една жена и ја уапсил, иако за тоа немало причина, ниту пак имал право на тоа и ја одвел на непознато место.

Жртвата таму наводно ја присилил на орален секс во замена за слобода. Мичел и друга жена киднапирал во 2017 година, ја однел на непозната локација и ја присилил на секс додаваат обвинителите. Истата жена повторно ја киднапирал минатото лето и повторно ја присилил на секс.

Неколку американски официјални лица сметаат дека постапките на Мичеч ја нарушиле довербата на граѓаните спрема полициските службеници.

„Полициските службеници се херои, а не предатори“ – изјавил државниот обвинител Дејв Јост.

„На нашите службеници им е дадена моќ за да ги штитат граѓаните. Но, кога службениците ја злоупотребуваат таа моќ, ќе мора да одговараат за тоа“ – пишува во официјалното соопштение Министерството за правосудство од Охајо.

Мичел е сменет минатата година. Обвинет е и оти се обидел да подмити двајца сведоци и дека се обидел да влијае на сведочењето на една од жртвите на судењето пред федералната порота.

Обвинет е и дека во текот на 2018 година ги лажел агентите на ФБИ во текот на давањето изјава во која навел дека никогаш нема сексуален однос со проститутка. Во седум обвиненија се наведува дека им плаќал на проститутки за секс.

Неговиот адвокат, Марк Колинс, ги отфрла обвинувањата наведувајќи дека неговиот клинет ги негира сите тврдења. Моментално се наоѓа во притвор, а му се заканува казна доживотен затвор.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер