Пораз на европскиот шампион Хамбург

Ракометниот европски шампион Хамбург го доживеа првиот пораз во годинашново издание од Лигата на шампионите. Флензбург прв успеа да го совлада Хамбург со 27:24 во дуелот на двете германски екипи во рамки на 6.коло од Д групата.

Првиот дел го доби Хамбург со 13:11, но Флензбург сепак на крајот успеа да стигне до триумф. Најефикасни на натпреварот беа Андерс Егерт од Флензбург со 9 голови и Петар Ѓорѓиќ од Хамбург со 8 голови.

На другите два натпревара одиграни вечерва во рамките на Б групата: Висла – Порто 28:22 и во дуелот од А групата Санкт Петербург – Мотор Запорожје 18:24.
На вчера одиграниот натпревар Кил – Данкерк 28:25.

Другите натпревари од 6.коло се играат во текот на викендот, кога на програмата е и дуелот меѓу македонските екипи Вардар – Металург.



Средба Џафери – Троказ: Македонија да продолжи по зацртаниот пат на европска интеграција

На маргините на лидерскиот состанок за Планот за раст кој се одржува во Котор, Црна Гора, техничкиот премиер Талат Џафери оствари билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

На средбата, се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Македонија во пресрет на формирањето на новата Влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Македонија во ЕУ, и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички чинители.

Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока, ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на Меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија.

Премиерот Џафери нагласи дека, за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата Влада, туку исполнувањето на европската агенда. Тоа е патот на иднината и на просперитетот за кој тој ќе продолжи да работи во кое било својство или функција.

Германска амбасада: Најновиот потег на Косово не го претставува тоа што го бараше Квинтата

„Квинта и другите постојано нагласуваат дека од Косово се очекува да преземе опипливи чекори за формирање на ЗСО со цел да се постигне потребното двотретинско мнозинство во Комитетот на министри за апликацијата за членство да биде успешна.

Германската амбасада во Косово денеска соопшти дека писмото на министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гервала, во кое наведува дека Владата подготвува свој нацрт на Статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство (ЗСО), што ќе го испрати до Уставниот суд до крајот на мај, не претставува исполнување на бараните услови или чекор што се очекува од Косово.

„Квинта и другите постојано нагласуваат дека од Косово се очекува да преземе опипливи чекори за формирање на ЗСО со цел да се постигне потребното двотретинско мнозинство во Комитетот на министри за апликацијата за членство да биде успешна.

Според наше мислење, поднесувањето нацрт-статутот до Уставниот суд пред седницата на Комитетот, би бил таков чекор“, изјави портпаролот на германската амбасада Кристијан Бочер за порталот Експрес, пренесе Бета.

Пред неколку дена Германија и Франција побараа од Косово да преземе итни и конкретни чекори кон формирањето на ЗСО во замена за добивање на нивната поддршка за конечното гласање за членство на Косово во Советот на Европа.

Косовскиот премиер Албин Курти го одби тоа барање, поради што гласањето за прием на Косово не беше ставено на агендата на Комитетот на министри на земјите-членки на СЕ.

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи

Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција.

Неприфатлива за Грција е логиката за употреба на уставното име во формална комуникација, но не и во јавни настапи, од претседателката Гордана Сиљановска Давкова, според портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис, кој на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, посочи дека договорот мора да се почитува во сите формулации.

На прашањето на МИА, за соопштението од Кабинетот на претседателката околу употребата на името Македонија и уставното име, Маринакис рече дека кога станува збор за највисоката позиција, за позицијата претседател на државата, „за еден од столбовите на демократијата на една земја, не можеме да говориме за двоен јазик и лично право“.

-Мислам дека е лицемерно ова да се кажува и да се слуша. Односно за некои работи, каде што треба, ќе бидеме формални, а во нашите јавни настапи ќе го правиме она што сакаме или затоа што веруваме во тоа или затоа што ѝ служиме на нашата публика. Ова не може да биде прифатено од Грција, ниту од која било друга сериозна земја. Кога велиме дека треба да се согласиме дека треба да се почитува еден договор, затоа што таква е нашата обврска од фактот што е ратификуван овој договор, да го правиме тоа во сите наши формулации. Очигледно оваа логика не може да биде прифатена од Грција, истакна Маринакис

За трите меморандуми за соработка кои СИРИЗА вчера ги достави во грчкиот Парламент, владиниот портпарол рече дека е „еден од најнесфатливите потези на опозицијата“,

-Ниту еден грчки граѓанин не сфаќа на што му служи оваа постапка, зошто такво брзање. Од моментот кога претседателката на С. Македонија не ја прифаќа основната, првата точка од Договорот, главната опозиција во Грција сака ние сè да направиме, сè да изгласаме, рече Маринакис и додаде дека доколку видат соодветна позиција од новата Влада, тогаш ќе влезат во конкретната дискусија.

На новинарско прашање за натписите во медиумите дека адвокатската канцеларија на актуелниот министер за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис учествувала во составувањето на Договорот од Преспа, Маринакис категорично ги демантираше ваквите информации, истакнувајќи дека станува збор за лажни вести и за „научна фантастика“.

-Господинот Герапетритис ниту знае, ниту има разговарано, ниту некогаш се има сретнато со Коѕијас, како што и самиот ни има кажано. Воопшто не ни знае кој го состави Договорот од Преспа и за содржината беше информиран кога Договорот јавно се објави, објасни портпаролот на грчката Влада.

притисни ентер