Последен ден од кампањата, од ноќеска на полноќ изборен молк

Претседателските кандидати ги користат последните часови за убедување на граѓаните в неделата гласот да го дадат за еден од нив. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Крмов: Шестчасовното работно време е попродуктивно за работниците

Пратеникот Борислав Крмов, Носител во ИЕ3, за програмата на Левица, во однос на работниците и земјоделците истакна:

,,ИЕ 3 е во најголем дел работнички и земјоделски регион. Ние предлагаме шестчасовно работно време. Тоа не е никаква илузија, тоа на Запад го има - многу е поголема продуктивноста со шестчасовно работно време.

За земјоделците, најклучно е да имаме државни откупни центри, за да може земјоделците да добијат фер цена. Сега имате флаширана вода 20 денари, а тие сакаат млекото да им го откупат за 18 денари", се наведува во партиското соопштение.

Мицкоски: Случајот со писмото на Битиќи до компаниите е сличен на „Траекторија“

Шокантно, самобендисано, претенциозно и криминално. Ќе го потсетам господинот Битиќи но и Обвинителството дека за нешто слично се водеше судски процес во минатото наречен „Траекторија“.

Шокантно, самобендисано, претенциозно и криминално. Ќе го потсетам господинот Битиќи но и Обвинителството дека за нешто слично се водеше судски процес во минатото наречен „Траекторија“, вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање во врска со писмото коешто го испратил вицепремиерот Фатмир Битиќи до компанииите кои добиле помош од државата и во коешто бара поддршка за изборите.

„Јас го повикувам Обвинителството да нема двојни аршини и да постапи исто и со господинот Битиќи. Ако не постапи, тогаш се потврдува нашата теза дека имаме работа со октруирано обвинителство, партизирано обвинителство, но наскоро и тоа ќе го ослободиме“, додаде Мицкоски.

Мицкоски исто така додаде дека ова што го направил Битиќи е кршење на членот 353 од КЗ, бидејќи ја злоупотребува положбата со цел да прибави политичка корист.

„Јас ви гарантирам дека истражните органи ќе отворат истрага за ова што го прави Битиќи. Тој во својство на вицепремиер испраќа писма до компании каде што наведува дека, внимавајте јас како вицепремиер ви дадов пари, а сега треба мене да ме гласате на овие избори. Тоа е кршење на членот 353 од КЗ, односно злоупотреба на службена положба и овластувања за прибавување корист, а таа корист е политичка“, рече Мицкоски.

Тој уште еднаш го повика обвинителството да постапи, бидејќи во спротивно ќе се потврди тезата на ВМРО-ДПМНЕ дека Обвинителството е октруирано и партизирано и дека е потребно целосно распуштање на Судскиот совет, на советот на обвинители и проверка на нивните имоти и на нивните семејства.

„Ќе ве потсетам, случајот „Траекторија“ токму за нешто вакво слично се водеше и го повикувам јавниот обвинител, овој новиот, го повикувам него или тие надлежните коишто се, да отворат веднаш истрага. Во спротивно ќе се потврди нашата теза дека имаме работа со октруирано и партизирано Обвинителство и уште еднашка ќе се потврди нашата заложба за целосно распушатање на Судскиот совет, на советот на обвинители и проверка на нивните имоти и на нивните семејства, бидејќи навистина не може македонија понатаму да се развива со вакви луѓе ако тие не постапуваат согласно закон“, нагласи Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.

Битиќи: Соживотот и солидарноста се основи на прогресот на нашето општество

„СДСМ од секогаш  била предводник на визионерство, државништво и прогресивност, секогаш со поглед кон иднината, со нагласено политичко чувство за потреба од добрососедски односи.“

„СДСМ од секогаш била предводник на визионерство, државништво и прогресивност, секогаш со поглед кон иднината, со нагласено политичко чувство за потреба од добрососедски односи, за интеграција во ЕУ, но пред сѐ за градење на хармонични односи меѓу различните заедници во земјава. Од оваа наша мисија не се откажувам, по 8-ми мај продолжуваме, на тоа нѐ обврзуваат нашите социјалдемократски вредности“, порачува Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Битиќи истакнува дека патот кон е ЕУ е тежок, тој бара многу промени кај нас и тоа треба да биде мотивација за претстојните парламентарни и претседателски избори да се заокружи бројот 1.

„Наша цел е европските стандарди и вредности да ги донесеме овде, да им овозможиме на граѓаните подобар квалитет на живот“, вели Битиќи.

Тој посочува дека таа промена може лесно да се направи со прифаќање на социјалдемократските вредности кои, како што вели Битиќи, се многу блиски и на христијанството и на исламот.

„Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, сакам да потсетам дека социјалдемократијата има многу заедничко со религиите. Социјалдемократијата не' подучува на сочувство кон ранливите, кон маргинализираните, да се стремиме кон праведно општество, каде што секој, независно од неговата различност, ќе има пристап до образование, вработување и достоинствен живот. Нема нешто поблагородно од пораката да се однесуваме кон сите со праведност и љубов“, вели Битиќи и апелира во пресрет на двојните избори на 8-ми мај да се препознае моќта на заедништвото и да не се дозволи национализмот да го разедини општеството.

„По 8-ми мај, да продолжиме да бидеме заедно, да ги споделуваме потешкотиите, но и радостите во животот. Цврсто да ја држиме заедничката визија за европска Македонија, во која никој нема да биде изоставен, исклучен или исфрлен“, вели Битиќи, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер