Потпишан договорот за финансирање на Центарот за развој на Скопскиот плански регион за 2019

Скопскиот плански регион нема извори на финансирање, како и сите други плански региони, па така зависи од поддршката на Министерството и на општините кои се дел од овој регион.

Министерството за локална самоуправа денеска со градоначалниците на општините од Скопскиот плански регион потпиша договори за поддршка, покривање на оперативните трошоци, тековните активности за годинава и за финансирање проектите со кои единиците на локални самоуправи ќе можат да аплицираат следната година до ресорното Министерство.

– Скопскиот плански регион нема извори на финансирање, како и сите други плански региони, па така зависи од поддршката на Министерството и на општините кои се дел од овој регион. Секоја година Министерството одделува средства, така и оваа година. Покрај тоа, годинава Министерството ги зголеми средствата за поддршка на рамномерниот регионален развој од 3,5 милиони евра од 2017 година на седум милиони евра оваа година кои се доделени на планските региони, изјави денеска министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Тој додаде дека првпат годинава имало повеќе проекти од колку што имало средства.

Милевски информира дела во моментов работат на измени на Законот за рамномерен регионален развој.

– Министерството за локална самоуправа во Скопскиот плански регион годинава инвестира 30 милиони денари за финансирање различни проекти за регионален развој, за развој на селата и за специфични подрачја, како ридско планински, погранични подрачја, рече Милевски.

Претседателот на Советот за развој на Скопски плански регион и градоначалник на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски информира дека е почната реконструкцијата на регионалниот пат Илинден – Хиподром. Меѓу проектите се и улицата „Рилски конгрес" во Општина Центар, потпорен ѕид и канал во село Сингелиќ, проектни документации за водоснабдување на Општина Арачиново и проекти со ревизија кои се однесуваат на општините Чаир, Шуто Оризари и Бутел.

– Средствата од околу 30 милиони денари ни најмалку не се доволни за задоволување на потребите на сите 17 општини и Град Скопје, но имаме тенденција да побараме и други доплнителни извори за финансирање со цел регионален рамномерен развој, рече Георгиевски.

Тој додаде дека иако Скопскиот плански регион важи за еден од најразвиените, сепак има приградски општини кои имаат инфраструктурни проблеми, како Чучер Сандево, Петровец, Зелениково, Арачиново, Студеничани и Сопиште.

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов изјави дека потребно е во претстојниот период општините да работат заеднички и треба да се преземат мерки кои се однесуваат на загадувањето на воздухот.

Според него, за изворите на загадувањето не треба да се фокусираме само на центарот на градот, туку и на останатите скопски општини. Шилегов најави дека ќе бара преку Скопскиот плански регион и Министерството за локална самоуправа да се преземат сериозни мерки за подобрување на условите на живот.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер