Потпишан Меморандум за соработка меѓу општина Прилеп и Друштвото за наука и уметност

 Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски и претседателот на Друштвото за наука и уметност, Силвана Пашовска денеска потпишаа Меморандум за соработка.

Според градоначалникот Јованоски, со Меморандумот се подигнува нивото на досегашната соработка меѓу овие институции.

-Соработката траеше и досега, а со потпишаниот Меморандум ќе го подигнеме нивото во повеќе области, затоа што таму членуваат луѓе од уметноста, науката, економијата кои ќе придонесат за развој на нашиот град. Сигурен сум дека задоволството е обострано, дека ДНУ ќе продолжи успешно да функционира и дека сите проекти кои ги имаме планирано како општина, заедно со проектите кои ги предлага ДНУ, во иднина ќе се реализираат, рече Јованоски.

Пашовска посочи дека постојат различни форми на изразување на научната мисла и за истражување, како што се трибините, дебатите, тркалезните маси, како и објавувањето голем број изданија, а Друштвото е и промотор на голем број книги.

-Имаме богата библиотека со над 3 000 изданија и богата геолошка збирка на руди, кои ги има на територијата на општина Прилеп. ДНУ издава и Зборник на трудови, место каде младите магистри и доктори на науки можат да ги издаваат своите научни и стручни трудови. На наше големо задоволство, денеска е официјализирана соработката со општината. Соработката постоеше и во минатото, продолжуваме и понатаму. Се надеваме и посакуваме во интерес на сите, соработката да продолжи и понатаму, рече Пашовска.

Друштвото за наука и уметност од Прилеп е основано во 1971 година е едно од двете друштва кои функционираат во државава. Брои преку 200 членови и тоа е место каде се здружуваат научните работници, каде се даваат предлози, идеи, мислења и советувања. Друштвото за наука и уметност од Прилеп со децении дава придонес во развојот на стопанството, економијата, науката и културата.

Зеленски: Русија започна нова офанзива во регионот Харков

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека Русија започнала нова офанзива во регионот Харков.

„Русија започна нов бран на офанзивни акции во насока на Харков. Нашите бранители ги пречекаа со копнени сили, бригади и артилерија“, рече Зеленски на прес-конференција во Киев, додавајќи дека Русите би можеле да испратат повеќе сили за поддршка на пробивот на североисток.

Руските сили денеска почнаа копнена офанзива со оклопни возила во близина на Харков, вториот по големина град во Украина на североисток, и постигнаа ограничен напредок. Ова отвори нов фронт во долготрајната војна што се води на исток и југ.

Украина испрати засилување додека беснееја борби во пограничните области во областа, соопшти Министерството за одбрана, додавајќи дека Русија го нападнала пограничниот град Вовчанск со наведувани бомби и артилерија.

„Околу 5 часот, непријателот се обиде да ја пробие нашата одбранбена линија под заштита на оклопни возила. Тие напади сега се одбиени, борбите со различен интензитет продолжуваат“, соопшти Министерството.

Украински воен извор, кој одби да биде именуван, рече дека руските сили напреднале еден километар во внатрешноста на украинската граница во близина на Вовчанск. /МИА

Ракети истрелани врз градот Бершеба

Сирените денеска се огласија во израелскиот јужен град Бершеба, а потоа се слушнаа неколку експлозии.

Засега нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета од ракетниот напад.

Последен пат сирените во Бершеба се огласија на 14 април за време на иранскиот ракетен напад. /МИА

Утре променливо облачно и потопло

Времето утре ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. 

Попладне ќе има локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во вторник.

притисни ентер