Монтиел е обвинет дека дрогирал и сексуално злоставувал девојка со која во тоа време бил во кратка врска на 1 јануари 2019 година, на прославата на неговиот роденден. Деталите се откриени во видеото минатиот месец од страна на жртвата.
„Јас сум Каролина, модел и водителка која преживеа групно силување чиј главен сторител беше Гонзало Монтиел, човекот кој го постигна последниот гол на Светското првенство во 2022 година.Се славеше неговиот роденден и ме повика кај него дома.Се запознавме, а потоа ме дрогираа, додека не изгубив свест.Во истрагата се докажа дека врескав за време на забавата. Долго барав адвокат бидејќи никој не сакаше да оди на суд со мене", рече таа.
Монтиел тврди дека не сторил кривично дело, а неговото судење е закажано за 17 и 20 септември во Буенос Аирес. Монтиел моментално игра во Нотингем Форест, каде што е позајмен од Севиља, а е запаметен како херој на Аргентина на Светското првенство во Катар, каде го постигна победничкиот пенал во престрелката во финалето против Франција. Една година претходно, тој ја освои Копа Америка со Аргентина.