Повеќе термини за лабораториски прегледи и дијагностика на Клиниката за токсикологија

Од почетокот на овој месец, ултрасонографскиот кабинет за абдомен на Универзитетската клиника за токсикологија ќе работи секоја сабота, во периодот од 08 до 13:45 часот.

Закажувањето на овие прегледи може да го изврши секој матичен лекар преку Националниот електронски систем МојТермин.

Како што соопшти Министерството за здравство , во работните денови, ултрасонографскиот кабинет за абдомен ќе функционира со продолжено работни време до 18,45 часот.

За сите пациенти, кои се поставени на бупренорфински програм се овозможува посебна новина, односно се воведува работна сабота во периодот од 08 до 14 часот, во кој пациентите ќе можат да бидат прегледани и да ја подигнат својата терапија.

Исто така, во токсиколошката лабораторија се воведува двосменско работење, со што се овозможува сите квантитативни токсиколошки анализи и детекција на дроги да се извршат за 30 минути во периодот од 08-20 часот, додека за сите пациенти од 20 до 08 часот, анализите ќе бидат готови до 9:30 часот, наредниот ден.

Паралелно на овие новини, Универзитетската клиника за токсикологија обезбедува брзи квалитативни тестови за детекција на дроги и лекови, со што се овозможува за 3 до 5 минути да се постави точна дијагноза од земениот примерок на урина.

По едногодишна меѓународна евалуација, токсиколошката лабораторија се стекна со меѓународен сертификат за квалитет за детекција на концентрациите на алкохол во крв и урина.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

Фото: Русокоса убавица како од мајка родена „јава“ стар милијардер

Фотографија предизвика хаос на социјалните мрежи. На фотката контроверзниот милијардер Ричард Бренсон е во друштво на гола млада и убава девојка.

Ричард Бренсон, чие богатство се проценува на повеќе од пет милијарди долари, заедно со неговата поубава и помлада половина на фотографијата скија на вода и ужива во убавиот ден, неговите пари и убавото друштво.

„Постар милијардер и млада, убава и жешка девојка - какво клише“, гласи еден од 1.200 коментари под новата фотографија на познатиот 74-годишен британски богаташ Ричард Бренсон, на која многу помлада жена – гола, како од мајка родена - го јава како вистинска џокејка.

„Ова е доказ дека среќата може да се купи со пари“, напиша еден корисник на Твитер кој ја „лансираше“ сомнителната фотографија во виралната орбита на социјалните мрежи, која предизвика хаос меѓу луѓето.

притисни ентер