Повлечено првото јапонско целосно автономно возило

 Воопшто првиот пилот-проект за целосно самоуправувачко возило во Јапонија е ставен во мирување по мала несреќа со паркиран велосипед, соопштија властите денеска.

„Возилото удрил во велосипед паркиран покрај патот. Ја прекинуваме операцијата додека не се разјасни причината за инцидентот. По несреќата нема повредени“, се вели во извештајот.

Возилото налик автобус без возач, слично на електричен „Голф“, почна со работа во Префектурата Фукуи во средишна Јапонија во мај. Јапонските власти лани дозволија самоуправувачки возила на ниво 4 на патиштата, што значи дека тие можат да работат само во ограничена област. А, ова, според некои познавачи, е најновиот удар за напорите ширум светот за промовирање на возила без возач, технологија со посебни можни придобивки за стари лица во земјата.

Истрагата е во тек. Возилото, инаку, опремено со сензори и радари да избегнува пречки, возело со максимална брзина од 12 километри на час. /МИА

Во Србија бројот на мигранти е намален за 73 отсто во однос на минатата година

Српската комесарка за бегалци и миграција Наташа Станисављевиќ изјави дека бројот на мигранти во Србија е намален за 73 отсто во однос на лани, а дека намалувањето на бројот на мигранти датира од минатата есен.

Таа за весникот „Политика“ изјави дека тоа во голема мерка е резултат на нововоспоставената соработка меѓу властите на Турција и Грција на полето на спречување на нерегуларна миграција на Егејското Море и на копнената рута.

„Состојбата со миграцијата во Србија е стабилна - сите институции се одговорни и континуирано си ја вршат својата работа и се подготвени доколку има зголемен број на мигранти“, рече Станисављевиќ.

Според податоците на Комесаријатот за бегалци и миграции, од почетокот на годинава се регистрирани вкупно 6.705 лица, а во однос на истиот период од претходната година кога биле регистрирани 24.640 мигранти, тоа претставува намалување за 17.935. лица.

Гризман е прогласен за најдобар француски играч кој игра во странство

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман е прогласен за најдобар фудбалер во Франција играјќи надвор од државата во изборот на Унијата на фудбалери и тренери на Франција.

Во борбата за наградата, напаѓачот ги победи Едуардо Камавинга и Аурелиен Чоамени (двајцата од Реал Мадрид), Мајк Мењан (Милан) и Вилијам Салиба (Арсенал).

Во 2016 година, 33-годишниот Гризман за прв пат ја доби оваа награда.

Оваа сезона, фудбалерот одигра 45 натпревари за Атлетико во сите натпреварувања, постигна 21 гол и креира осум асистенции.

Американски државјанин е приведен во Русија поради употреба на непристојни зборови

Американски државјанин е приведен во Русија поради употреба на непристојни зборови, објави „Комерсант“.

Американски државјанин е во 10-дневен притвор што го одреди рускиот суд поради тоа што кажал непристојни зборови при полициски претрес во неговиот стан, објави денеска весникот „Комерсант“.

Обвинителите соопштија дека американскиот државјанин е 36-годишниот Анџело Џозеф Таларико. Тој на англиски јазик ги пцуел полицајците кои пристигнале во станот на неговата сопруга во Москва за да го претресат како дел од истрагата за кражба на биткоини во регионот Мурманск, објави „Комерсант“.

Во полицискиот извештај се вели дека Американецот, кој се преселил во Русија од Лос Анџелес, им викал на полицајците и употребил два различни збора „чија смисла тие ја разбрале“, пишува весникот.

Американецот негирал дека сторил административен прекршок за ситно хулиганство и употреба на непристојни зборови на јавно место. Тој беше приведен во Москва, судот го прогласи за виновен и му одреди 10-дневен притвор, додава „Комерсант“.

Адвокатот на Американецот ги отфрли обвинувањата дека неговиот клиент пцуе и посочи дека тој и неговата сопруга биле во кујната на станот за време на претресот.

притисни ентер