Познати полуфиналните двојки за СП за фудбалерки

Во полуфиналето на Светското првенство за фудбалерки што се одржува во Канада ќе играат: САД – Германија (1 јули) и Јапонија – Англија (2 јули).



Ова е епилогот по последната четвртфинална пресметка во која репрезентацијата на Англија ја совлада селекцијата на домаќинот Канада со 2:1.

Јапонија исто така ноќеска постигна минимална победа над Австралија со 1:0.

Претходно Кина - САД 0:1 и Германија - Франција 1:1 - 5:4 на пенали.

Бранител на трофејот е Јапонија.

Бајден го повика Трамп на ТВ дуел

„Доналд Трамп изгуби две дебати од мене во 2020 година, и оттогаш не се појави на дебата.“

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека нема да учествува на долгогодишната традиција за три есенски изборни соочувања со противкандидатот на претседателските избори организирани од двопартиската Комисија за претседателски дебати, но го покани републиканскиот ривал Доналд Трамп да одржат две претседателски телевизиски дебати во јуни и септември.

Бајден повика на директни преговори меѓу двата изборни штаба за правилата што ќе важат за време на тет-а-тет средбите, а тој исто така предложи и посебна потпретседателска дебата во јули, објави „Вашингтон пост“.

„Доналд Трамп изгуби две дебати од мене во 2020 година, и оттогаш не се појави на дебата. Сега се однесува како да сака повторно да дебатира со мене. Па, разубави ми го денот, пријателе. Ќе го направам тоа дури двапати. Ајде да ги избереме датумите, Доналд, слушам дека си слободен во среда“, рече Бајден во видео пораката. /МИА

Фицо го оперираат во Банска Бистрица, хеликоптерот не можел да стигне до Братислава

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска е ранет во обид за атентат.

Со хеликоптер итно бил пренесен во Банска Бистрица каде ќе му биде извршена итна операција.

На објавената фотографија може да се види како Фицо покриен со бел чаршав на носилки и го внесуваат во болница.

Во соопштението на Владата е наведено дека животот на Фицо е во опасност.

Од итната служба претходно соопштија дека хеликоптерот немал време да стигне во болницата во Братислава поради тешката состојба во која бил премиерот и затоа е пренесен во болоницата во Банска Бистрица.

„Полските Малдиви“ и езерата со тиркизна вода

Љубителите на туризмот кои ја посетиле Полска сѐ почесто ги препорачуваат „Полските Малдиви“...

Се работи за природниот парк „Гродек“ на југот од земјата, со две езера полни со вода во тиркизна боја, и дрвен мост - поради сѐ тоа, местото изгледа како тропски рај.

Паркот се наоѓа близу градот Јавожно и во близина на Катовице, недалеку од јужната граница со Чешка и Словачка. Тука некогаш се наоѓал каменолом, а токму на тоа и двете тиркизни езера ја должат својата, според многумина - неодолива боја. Каменоломот работел повеќе од сто години, а бил затворен во 1990-тите. И покрај неговото постиндустриско потекло, паркот е богат со различни животински видови, ливади, мочуришта, шуми, а пејзажот можe да се следи од неколку патеки-шеталишта. Тиркизните езера коишто некогаш биле резервоари за вода за потребите на каменоломот, се нарекуваат Видра и Орка. Тие се главен хит меѓу посетителите.

Езерото Видра, со своето „дрвено“ шеталиште е веројатно најфотографираниот дел од паркот... Барем во потоплите делови од годината, кога Сонцето ја истакнува неговата тиркизна боја. Како што се истакнува, ова езеро не е „толку егзотично“ зиме и кога времето е облачно.

Орка, пак, е длабоко 18,5 метри и до него нема пристапи освен во костим за нуркање. Како езеро за каменолом, тука на дното сè уште има потонат брод и - два багери.

Меѓу недотатоците што посетителите ги наведуваат на интернет, е тоа што нема „понуди за освежување“, освен можеби само сладоледот што може да се купи на паркингот во екот на сезоната. До паркот „Гродек“ можете да се стигне со воз или автомобил.

Фото: Фејсбук

притисни ентер