Предлози за казнени налози за 13 лица во Скопје

Заради непочитување на полицискиот час, Основното јавно обвинителство – Скопје денеска поведе постапка против 13 лица.

– Обвинетите не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Македонија со што го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, соопштуваат од ОЈО.

Основното јавно обвинителство – Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози со кои за сите обвинети побара парични казни од по 100 дневни глоби со висина на една дневна глоба од 20 евра во денарска противвредност.​/МИА

„Гответе со Дракче“ - Крем Здравко

Во среда  (08.05.2024) во емисијата гостин ни беше Игор Стојанов Баркли.

Состојки за денешниот рецепт:

200 гр. путер од лешници

100 гр. мед

З - 5 кафени лажици какао.

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Франција го повика Израел веднаш да ја запре воената операција во Рафа

Француското Министерство за надворешни работи го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција во Рафа во јужниот дел на Појасот Газа и „да направи сѐ што е можно“ за да обезбеди заштита на цивилите.

Во соопштението објавено вчера, министерството го повика Израел „веднаш повторно да го отвори преминот Рафа кон Египет“, кој израелската армија го окупираше, пренесува БФМ ТВ.

Француското Министерство посочи дека отворањето на преминот Рафа е неопходно за да се достави хуманитарна помош до цивилното население и да им се овозможи на најранливите да го напуштат Појасот Газа.

Париз изрази жалење поради започнувањето на воената операција на израелската армија во Рафа и ги повика израелските власти „да направат сѐ што е можно за да обезбедат заштита на цивилите и да гарантираат пристап до хуманитарна помош, во согласност со меѓународното право“.

Се проценува дека операцијата во Рафа се заканува да предизвика катастрофална ситуација за цивилното население во Газа, кое веќе неколку пати е раселено.

Франција го повика Израел да ги продолжи преговорите, велејќи дека тоа е единствениот можен начин да се ослободат заложниците и да се постигне траен прекин на огнот.

На почетокот на неделава израелската армија од палестинска страна ја презеде контролата врз преминот Рафа меѓу Појасот Газа и Египет.

ВМРО-ДПМНЕ за заканите на ДУИ за дестабилизација: Нема да нѐ поколебаат

ВМРО-ДПМНЕ жестоко ги отфрла неоснованите обвинувања и тактиките за поттикнување страв што ги користи ДУИ. 

Македонскиот народ се изјасни низ демократските процеси, а обидите за поткопување на неговата волја се неприфатливи.

Обидите на ДУИ да се сликаат како бранители на албанските права не се ништо друго туку фасада за прилепување до власта по секоја цена. Нивното искуство доволно говори за нивните вистински намери. ВМРО-ДПМНЕ, заедно со коалицијата на македонските Албанци „Вреди“, се залага за правда, транспарентност и вистинска застапеност за сите граѓани на Македонија.

Нема да нè поколебаат тактики или закани за поделби.

Нашиот фокус е поддржување на владеењето на правото, промовирање на единството и унапредување на интересите на сите граѓани, без разлика на етничката припадност.

Ја повикуваме ДУИ конструктивно да се вклучи во демократските процеси наместо да прибегнува кон тактики на страв и манипулации.

Иднината на Македонија е во единството, а не во поделбата, се наведува во партиската реакција.

притисни ентер