Преку Програмата за рурален развој, 540 земјоделци ќе возат нови трактори

Директорот на АФПЗРР, Бабовски истакна дека условите за добивање на оваа поддршка ги исполнуваат 540 апликанти.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски заедно со заменик министерот за земјоделство, Трајан Димковски, денеска во Штип ги доделија првите пет договори за набавка на трактори преку Програмата за рурален развој. Директорот на АФПЗРР, Бабовски истакна дека условите за добивање на оваа поддршка ги исполнуваат 540 апликанти.

-Вкупната финансиска поддршка за сите 540 апликации изнесува 206.000.000 денари. Најголем дел од апликантите побараа набавка на трактори од марката Тафе, Солис, Махиндра. Заради заштита и намалување на ширењето на „Ковид 19", сите кои имаат аплицирано за оваа мерка и ги исполнуваат условите, а денеска не се овде договорите заедно со упатство ќе ги добијат на домашна адреса. Откако ќе ги заверат и потпишат два примерока од договорите ќе треба да вратат во Агенцијата. По што може да почнат и со реализација на инвестицијата односно со набавката на тракторот кој им е одобрен со договорот. Апелирам до сите се додека не го потпишат договорот да ја почнуваат инвестицијата, рече Бабовски.

Замeник министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски рече дека со помош на новата набавена, современа механизација се намалуваат производните трошоци на земјоделците, со тоа стануваат поконкурентни и модернизирани земјоделски стопанства.

-Модернизацијата на домашниот агро – сектор е од огромно значење затоа што со модерна механизација не само што се намалуваат работните часови на земјоделецот туку тој се прави и поконкурентен затоа што има намалени производни трошоци. Инвестициите и парите вложени во модернизација ни се враќаат преку зголемено производство, квалитетни и производи со додадена вредност кои се конкурентни и на домашниот и на странскиот пазар. Парите од Програмата за рурален развој, преку сите креирани мерки се инвестираат во рамномерен регионален развој. Ги развиваме руралните средини, овозможуваме еднакви услови за живот на сите граѓани. Како Влада ќе продолжиме да ги мотивираме земјоделците да ги зголемуваат површините и производството а ние ќе продолжиме да ги поддржуваме за тие да растат и да се развиваат, вели Димковски.

Димковски и Бабовски истакнаа дека приоритет и на Агенцијата и на Владата е развој на агро секторот и нови инвестиции во земјоделството.

Преку мерките од програмите за земјоделство и рурален развој се создаваат поволни услови за подобрување на сточниот фонд, зголемување на производство на млеко, месо, зеленчук и овошје кои позитивно ќе се одразат и на бруто домашниот производ, но и врз растот на домашната економија.

Шолц ги посети поплавените региони во југозападниот дел на Германија

 Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.

Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.

Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.

„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.

Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.

Неколку згради во градот се евакуирани бидејќи куќи и подруми се поплавени. Автомобилите беа делумно потопени, а улиците се наполнија со вода.

Градот воспостави алтернативно сместување во училиштата и телефонска линија за погодените од поплавите.

Засега нема информации за точниот обем на штетата, ниту пак пријавени жртви.

Повеќе од 100 литри дожд на квадратен метар наврнаа во Сар за помалку од 24 часа, според вчера објавените податоци на германската метеоролошка служба. /МИА

Во Украина стапи во сила законот за мобилизација

Во Украина денеска стапи во сила оспоруваниот закон за мобилизација, јавија светските агенции

Ова, како што наведуваат агенциите, се случува во момент додека Киев се обидува да го зголеми бројот на украински војници откако Русија започна нова офанзива која, според аналитичарите, може да ги доближи руските сили до вториот по големина град во Украина.

Законот ќе го олесни идентификувањето на секој регрут во земјата. Таа, исто така, обезбедува стимулации за воениот персонал, како што се парични бонуси или пари за купување дом или автомобил, што според некои политички набљудувачи, Украина не може да си ги дозволи.

Пратениците одложуваа со месеци и го усвоија законот во средината на април, една недела откако Украина ја намали возраста за повикување на воена служба од 27 на 25 години. /МИА

Едно лице загина, а шест се повредени во судири во либискиот град Завија

Најмалку едно лице загина денеска, а шест се повредени во жестоки судири во западниот либиски град Завија.

Учесниците во судирите биле повикани на прекин на огнот за да се спасат семејствата заробени во зоната на конфликтот, јави либиската телевизија Алахрар.

Али Ахнеш, шеф на огранокот на Црвената полумесечина Завија, изјави за телевизијата дека 10 семејства се евакуирани и повика на „прекин на огнот за евакуација на семејствата лоцирани во областите каде што се случија судирите“.

Волонтерите на Црвената полумесечина добија повици од семејства во конфликтните области кои бараа да бидат евакуирани, рече тој.

Засега не се знае кој учествувал во судирите ниту зошто дошло до судирите.

Либија е зафатена од немири по соборувањето и бруталниот атентат на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи во 2011 година./МИА

притисни ентер