Преображение Христово, благословување на плодовите

Преображение Христово, 19/6.VIII.

Благословување на плодовите како благодарност кон Бога

Празникот Преображение Господово спаѓа во големите празници што ги празнува Светата Христова црква, но тој и со поголемиот број обичаи и верувања има значајно место во животот на нашиот народ, така што во целокупното празнување на овој празник следиме повеќе слоеви на народната култура.

На Преображение прв пат се јаде грозје или друго овошје откако свештеникот ќе го отпее и благослови. Тоа претставува и благодарност кон Бога за дадените плодови на земјата.

Третата година откако започнал да го проповеда своето учење Исус им зборувал на своите ученици дека наскоро ќе се случат важни работи. Им раскажувал, дека тој ќе биде мачен и распнат, дека ќе умре и ќе воскресне. Учениците не можеле да поверуваат синот Божји така да страда и да умре. За да не се исплашат и разочараат кога тоа ќе се случи Исус решил да им покаже како тоа ќе изгледа. Повел тројца апостоли: Петар, Јаков и Јован на планината Тавор. Се поставува прашањето зошто Исус повел само тројца од своите апостоли да го видат Преображението, а не сите. Се смета дека тоа е направено зашто Јуда како иден предавник не бил достоен да го види тој чин. А да го изоставел само него, тој подоцна ќе имал оправдување за предавството. Кога пристигнале на ридот Тавор апостолите изморени од патот веднаш заспале, а Исус започнал да се моли. Одеднаш лицето почнало да му свети како сонце, а и облеката му станала бела, како снег. Тогаш се појавиле и двајцата старозаветни пророци Мојсие и Илија. Кога се случило преображението апостолите се разбудиле и виделе како Исус разговара со пророците за тоа што наскоро ќе се случи во Ерусалим, за мачењето и распнувањето, за смртта, и воскреснувањето. Восхитен од таа глетка Св. апостол Петар извикал, „Господи, добро е да бидеме овде и ако сакаш да направиме тука три сеници: една за тебе, една за Мојсеј и една за Илија". (Мат. 17, 4). Тогаш, уште додека Петар зборувал, старозаветните пророци исчезнале, а нив ги прекрил светол облак, и од облакот се слушнал глас: „Ова е мојот возљубен Син, во кого е мојата волја; него послушајте го!" (Мат. 17, 5). Тројцата апостоли паднале на земјата, а Исус ги допрел и им рекол: „Станете и не бојте се!" Кога станале не виделе ништо освен Исус онаков каков што бил пред преобразувањето. Тогаш Исус пак им рекол: „Никому не кажувајте што видовте додека Синот Човечки не воскресне од мртвите". (Мат. 17, 9)

Се поставуваат уште неколку прашања во врска со овој настан од животот на Исус на земјата. Зошто преображението е изведено ноќе, зошто тоа е направено на рид, а не во некоја долина и зошто тука се појавиле старозаветните пророци Мојсеј и Илија? Прво Преображението е изведено ноќе затоа што ноќта е попогодна за молитва од денот, потоа ридот е избран затоа што симболизира труд, човекот треба да вложи труд за да се искачи на висина, а висината ја симболизира и висината на нашите мисли т.е. богомислието. И уште нешто: „Во старата епоха било обичај сите големи настани да се случуваат на повисоко место, на високи планини, како што правеле и идолопоклониците, коишто на планини ги принесувале своите жртви. Христос го покажува величието на Својата слава на гората Тавор, бидејќи објавувањето на обожувањето на човечката порирода е најголем настан во историјата на човештвото". И уште тука се појавиле Мојсеј и Илија затоа што постоеле некои зборувања дека Исус е некој од пророците Илија или Еремија. Вака тој се претставил како цар на пророците, а Илија и Мојсеј како негови слуги. На ридот Тавор, Исус ја покажал својата Божествена природа, а тоа требало да им послужи на учениците за потсилување на вербата во деновите на неговите страдања.

Во спомен на овој настан, Светата црква го востановила празникот Преображение Господово што се празнува секоја година на 19/6 август, за време на Богородичините пости, пред празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица.)

На иконите, овој настан е претставен така што Исус стои на врвот на планината во бела облека, од десната страна е пророкот Мојсеј со таблицата со законите, а од левата страна пророкот Илија. Долу се апостолите паднати ничкум, а со рацете ги заштитуваат очите од силната светлина што зрачи од Исуса.

Треба да се истакне и тоа дека Преображението Христово на планината Тавор се случи непосредно пред неговите страдања. Според некои, овој настан се случил точно четириесет дена пред да пострада, односно пред да биде распнат. Впрочем, целта на Преображението беше да се утврдат учениците во верата дека Он е Синот Божји и да не се поколебаат од тоа што ќе го видат во тие денови. Според ова тврдење и Преображението треба да се празнува заедно со Велигден или непосредно пред него. Но бидејќи тоа време се совпаѓа со Велигденските пости кога не се празнува торжествено, празникот е пренесен на 6 август (с.с.) Овој датум не е случаен, бидејќи е четириесет дена пред празникот на Воздигањето на чесниот крст (14 септември) којшто е како Велики Петок.

Зборот значи менување на формата. И Христос во тој момент ја промени формата со одредена цел. „Христос во тој час се преобрази, но при тоа не прими ништо што го немаше, ниту се претвори во нешто што не беше, туку на своите ученици им го објави тоа што Он е. Всушност, кога зборуваме за преображение, мислиме на тоа дека ја покажа славата на Своето Божество, што го држеше невидливо во видливото тело, бидејќи луѓето не можеа да се соочат со тоа."

Според народното верување тогаш по прв пат во годината се бере грозје и се носи во црквата каде што свештеникот по молитвата го благословува. Во краишта каде што нема грозје се осветуваат други плодови како јаболка, сливи и сл. Овој чин претставува и благодарност кон Господа за сите природни дарови на земјава. На Преображение во црквата се дава нафора и грозје. Тоа не е нафора во вистинската смисла на зборот, туку само благодарност кон Господа за плодовите.

Во народот постојат повеќе верувања поврзани со овој празник. Поради заладувањето на времето се верува дека на тој ден се преобразува природата. Лисјето на дрвјата почнуваат да венеат, а и водата станува студена поради што на Преображение луѓето за последен пат се бањаат во реките.

Марко Цепенков забележал дека до Преображение нефела да се јадит грозје дури не се пеит од попот и дури не раздаиш по комшии. Ова верување во врска со зајадувањето грозје во Скопје го запишал и К. Шапкарев: „До Преображение никој грозје не јаде како и во Охрид. Тогаш ќе однесат в црква и откако ќе го чита свештеникот со молитва слободно е за секого да јаде грозје". И во Кумановско на овој ден прв пат во годината се берело и јадело грозје. Рано наутро се одело во лозјето каде се береле неколку убави гроздови кои се носеле во црквата да се „очати", а потоа се раздавало за да се роди повеќе. Во Гевлелиско, како што запишал Стефан Тановиќ, уште спроти празникот децата ги миеле кошниците, зашто било обичај секој да оди во своето лозје и да набере грозје. Вечерта спроти празникот жените оделе во црквата каде што носеле варена пченица и литургија, а утрото на самиот празник пак оделе во црквата и носеле варена пченица и грозје „поп да гу пеје". И овде се верувало дека пред празникот не треба да се јаде грозје и друг емиш, зашто е греота, а по празникот откако ќе се отпее од свештеникот може да се јаде.

Со Преображение е поврзано и верувањето дека ноќта спроти празникот небото се отворало како на Богојавление, се јавувал Бог и на сите што будни ќе го пречекаат тој миг им ги исполнувал желбите. Кон неколкуте приказни што раскажуваат за случки поврзани со тоа верување, слушани од баба му Арса Стрезова, К. Шапкарев го запишал и следново верување: „Веруваат дека на Преображење Господне или ноќта спроти 6 август, а како што велат други спроти Водици, секоја година се отворало небото и тога се поклонвеле дрвјата со врвовите до земја. Во тој момент кога ќе бидело небото отворено, шчо да посакал чоек од Бога, Господ ќе му даел. За докажвање вервањето оти је вистинско, простијот народ прикажвит некој приказни, и и вервит како сосем вистински".

Во врска со овој празник Д. Матов забележал дека во Велес се верувало оти „ноќта спроти Преображење се јавуе на небото Божја врата, се отвора небото, сам Господ се јавуе. Кој шчо је праф човек, може да је види Божја врата и, шчо да посака, му дава Госпот, ама вратата стои малку време отворена. За това мајките им викаат на децата да не спијат и да чекајат да ја видат Божја врата. Им прикажујат и приказната за тој шчо рекол: „Дај ми, Боже еден шиник глава", место да рече: „Дај ми Боже еден шиник пари" – и шчо му пораснала главата колку еден шиник та не можел да си ја извре главата од пармаклците, дури не ѓи искршиле".

Интересни верувања од Охрид поврзани со овој ден забележал Ефтим Спространов. Тој сведочи дека спроти празникот „Преобр'же'јне се отворало небото и било светло како оган". Спространов, исто така, ги споменува верувањата за поклонувањето на дрвјата и за исполнувањето на желбите од страна на Господ и посебно укажува на приказната за тој што наместо осмак пари посакал осмак глава и за некој човек што го врзал телето за некое дрво кое во тој миг било наведнато па утрото го нашол обесено на врвот. Е. Спространов, уште забележал дека на овој ден во Студенчишта кај Охрид се собирале штрковите пред да заминат во потоплите краишта. „На Преобржејне си одет штркојте и ластојците. К'де Студенчишта се берет со стотини околу еден црн штрк, дури ќа поцрнит полето. Неколку дена викет, кревет ѓурултија после ќе летнит црнијот штрк и сите по него ќе летнет. Црнијот штрк како цар да им је, како војвода".

Очигледно празникот Преображение на Господ Исус Христос има длабока смисла во животот на нашиот народ. Еден важен период од годината кога и времето се преобразува, заладува и тргнува кон есента оставало впечаток и во свеста на нашиот народ па така нашло место и во неговите верувања и во народните умотворби.

Тропар

Свето Преображение на Господа Христа

Христе Боже, си се преобразил на планината, покажувајќи им ја на Твоите ученици славата Твоја, колку што можеа (да видат). По молитвите на Богородица и на грешните да нè осветли Твојата вечна светлина. Слава Тебе, Дарителу на Светлината./МИА.

Грција во шок: Кум со години силувал момче, ги злоставувал и неговите две сестри

На 50-годишниот кум, кој е обвинет за сексуално вознемирување и силување на момче (18), од деветгодишна возраст, со согласност на истражителот и обвинителот на Ираклион, Крит, одредена му е мерка притвор.

Осомничениот маж признал дел од своите дејствија и сега се очекува да биде префрлен во затвор во Триполи.

Тој признал дека се случиле два од 10-те инциденти за кои неговото кумче, сега полнолетен, кажал дека се случиле.

Како што пренесува neakriti.gr, 50-годишникот тврдел дека тоа го предизвикал младиот човек и изјавил дека е „уништен и болен“.

Мажот е обвинет и за злоставување на уште две девојчиња, меѓу кои и сестрата на момчето што наводно ја силувал.

Информациите укажуваат дека има и порнографски материјал кој го покажува неговиот грозоморен чин. Поточно, видеото наводно го снимил 50-годишниот маж, за да докаже дека детето, кое тогаш имало 15 години, го провоцирало. Како што рече, на видеото се чини дека сексуалната иницијатива дошла од младиот човек. Тој исто така тврдел дека инцидентот се случил во неговата канцеларија и дека го снимал во случај во одреден момент да биде кривично гонет.

Во исто време, тој останал на ставот дека никогаш не ги малтретирал девојките.

Тој е уапсен вечерта на Велика среда, додека против него е поведена постапка за злоупотреба на малолетник кој не наполнил 14 години и на малолетник над 14 години.

Тој е обвинет и за детска порнографија во форма на производство и поседување видеа во кои има малолетник кој не наполнил 15 години.

Случајот бил откриен на Божиќ, кога кумот дошол да го посети семејството, но момчето одбило да седне на иста маса со него.

Кога родителите побарале од детето да го објасни своето однесување, тоа се скршило и открило што се случило и дека било жртва на малтретирање од страна на кумот.

Истовремено, има информации и за сестрата на младиот човек, која моментално има 24 години, како и за малолетната сестра, која моментално има 17 години. Според нивните пријави, делата ги извршил кога девојчињата имале 6 и 5 години.

Според податоците на полицијата, несоодветните дејствија првично се одвивале од 2006 до 2019 година.

Ибрахимовиќ искрено: Сега живеам поинаку, ми беше тешко поради моето его

Поминаа осум месеци откако Златан Ибрахимовиќ ги закачи копачките, а во неодамнешна изјава Златан се потсети колку му било тешко.

Како што вели, егото му правело проблем...

- Добро сум, имам добар живот. Престанав да играм пред осум месеци, сега имам поинаков живот. Прифатив да престанам што беше тешко поради моето его, начинот на кој размислувам за себе. Мислам дека сум најдобар, сепак најдобар, можев да продолжам, но избрав да престанам. Зошто? Затоа што сакам добар живот за моето семејство. Да имам време за моите синови, последица е што немаше да можам да го направам тоа бидејќи имав проблеми со колената. Така ја прифатив пензијата, стигнав дури до моментот кога си реков, океј, остави сѐ и почни ново поглавје во животот – започна Ибрахимовиќ.

Сепак, веднаш по завршувањето на кариерата доби нова функција ...

- Неколку месеци подоцна го запознав Гери Кардинале, кој го контролира фондот „Црвена птица“ што го купи Милан. Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Почнав да работам во Милано, таму сум три-четири месеци, добро се однесуваат со мене, морам да го кажам тоа.

Тој го допре и својот поранешен агент Мино Раиола, кој почина.

- Кога почина Мино, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев, се уште не престанувам бидејќи секогаш се сеќавам на некои работи. Многу ми недостига. Сите што ме познаваат знаат колку ми беше близок. Што би му рекол ако можам да му напишам порака токму сега? Ми недостигаш – подвлече Ибрахимовиќ.

„Одред за уживање“ на Ким Џонг ун - секоја година избира по 25 девици и ги дели на три групи

Девојка која успеала да побегне од Северна Кореја, на својот канал на Јутјуб открива дека диктаторот Ким Џонг-ун секоја година избира 25 девици за својот „Одред за задоволство“.

Девојките се избираат поради нивната физичка привлечност, тврди 30-годишната Јутјуберка Јеонми Парк, но и поради нивната политичка лојалност, пренесува Дејли Стар.

Парк вели дека „агентите“ на Ким ја забележале во два наврати затоа што била лојален следбеник на партијата, но никогаш не ја избрале поради нејзиниот „семеен статус“.

- Провалуваат во сите училници, дури и ги обиколуваат училишните дворови за да не пропуштат некоја згодна девојка - рече таа.

- Кога ќе најдат убави девојки, го проверуваат нивниот семеен и политички статус. Така, тие елиминираат девојки чии членови на семејството се дезертери или имаат роднини во Јужна Кореја или други земји.

- Следен чекор е лекарски преглед, утврдуваат дали девојките се девици. Кандидатките кои ќе го положат тестот се подложени на подетални лекарски прегледи, каде што и најмалата мана - како мала рана каде било на телото - е доволна причина за дисквалификација.

Ригорозната анализа остава „само неколку девојки од цела Северна Кореја“, кои потоа се испраќаат во Пјонгјанг. Откако ќе бидат избрани, Парк вели, „нивната единствена цел во животот е да му угодат на диктаторот“.

Ким Џонг-II го смислил „Одредот за задоволство“ уште во 1970-тите, објаснува Парк.

- Мислеше „ако изберам неколку убави девојки и ги одведам кај татко ми Ким II-сунг, ќе биде многу задоволна“, рече таа.

- Потоа избрал убави жени и ги сместил во одморалиште каде што ги посетува Ким II-Сунг. Неговиот татко бил толку трогнат што неговиот син помислил на неговото задоволство, а тоа е една од причините зошто го избрал за свој наследник.

Десет години подоцна, Ким Џонг-II создал друг тим за свои потреби. Парк вели дека одредите и групите се менувале со текот на годините бидејќи диктаторите имале различни вкусови.

- Ким II-Сунг имаше традиционален вкус за жени, бидејќи беше постар, па неговата група беше наречена Електронски Почонбо Ансамбл. Ким Џонг-II го нарече својот бенд за лесна музика „Wangjaesan“. Ким Џонг-II претпочиташе жени повисоки од 160 см - рече таа.

Ким Џонг-ун има тенденција да избира „витки“ жени и фаворизира жени со „западен изглед“. „Се шпекулира дека неговата сопруга била член на Одредот за задоволство“, додаде Парк.

Во рамките на „ Одредот за задоволство “ има три различни дивизии. Првите се обучени за масажа, вториот оддел е специјализиран за пеење и танцување за забава на лидерот и неговиот внатрешен круг. Оваа група понекогаш настапува јавно како бенд Моранбонг.

Третата група е „одредот за сексуална активност“, рече Парк.

- Тие мора да бидат сексуално интимни со диктаторот и другите мажи. Мора да научат како да ги задоволат овие мажи - тоа е нивната единствена цел.

Најубавите девојки се резервирани само за Ким, додека останатите членови на одредот треба да ги задоволуваат генералите и другите моќни луѓе.

Условите за живот во Северна Кореја се толку сурови што родителите често се среќни што нивните ќерки ги избираат за „Одредот за задоволство“, бидејќи тоа значи дека барем девојчињата нема да гладуваат.

Откако ќе стигнат до средината на 20-тите години, нивното време истекува. Тие често се во брак со телохранителите на Ким. Парк вели дека е привилегија за членовите на Одредот да изберат со кој член на безбедносните служби сакаат да се омажат. Парк, чии приказни за животот во Северна Кореја се опишани како претерани од некои критичари, вели дека династијата Ким се „педофили кои очекуваат да бидат обожувани како богови“.

притисни ентер