Преслатко куче не ѝ дозволува на сопственичката да седне покрај своето момче (видео)

„Упорно ми го краде партнерот...“ 

Ова куче од расата златен дудл секогаш наоѓа начин својата сакана сопственичка Кет да ја раздели од нејзиното момче.

Изразот „љубоморен како пес“ не настанал тукутака. Овие животни се бескрајно верни, но не дозволуваат некој друг да биде поважен во животот на нивните сопственици од нив самите. Во прилог на ова сведочи и ова куче од расата златен дудл, која е мешавина на златен ретривер и пудлица. Имено, ова куче е исклучително приврзано за својата сопственичка Кет, но уште повеќе за нејзиниот партнер, па се обидува да ја придобие неговата љубов.

Неговото име е Оливер и тоа е голема ѕвезда на социјалната мрежа Тикток, каде неговата сопственичка Кет редовно објавува видеа во кои тоа многу често се однесува како човек. Оливер стана популарен на Tикток по неговите реакции секој пат кога ќе им се придружи момчето на неговата газдарица. Ова преслатко куче не ја крие љубомората, па не ѝ дозволува на Кет да седне до нејзиното момче. Оливер секогаш доаѓа помеѓу нив двајца, ја турка Кет или воопшто не ѝ дозволува да биде во близина на партнерот.

На видеото што го сподели Кет, се гледа како кучето влегува во автомобилот и решава да седне на совозачкото седиште, додека Кет нема друг избор освен да седне одзади. Возачот, нејзиниот партнер, сакал или не сакал, мора да му го посвети целосно внимание на Оливер. Девојката се откажува од обидот да го смести Оливер на задното седиште, па тројцата продолжуваат да се возат со гордиот Оливер на предното седиште кој го допира нејзиниот партнер со шепата додека тој вози.

Ништо подобро не е ни во домот каде што живее Кет со своето милениче. Во моментот кога нејзиниот партнер доаѓа на гости и седнува на каучот, Оливер се прилепува за него не дозволувајќи ѝ на Кет да седне до своето момче. Девојката овој пат решава да биде поупорна, па нежно се обидува да го тргне Оливер, но нејзиниот миленик не покажува никаков знак дека ќе ја послуша. На крајот, Кет се откажува и го остава кучето да седи до нејзиното момче.

За кратко време видеото собра повеќе од 11 милиони прегледи, а коментарите само се нижеа.

- Оливер веројатно си мисли: „Ова е толку непријатна ситуација... Кој ли ќе ѝ каже на Кет дека таа всушност е „послена дупка на свиралото“?

- Оливер е непобедлив. Секој треба да знае каде припаѓа!

- Кет нема многу избор, се знае кој е главен – се шегуваат корисниците на Tикток кои го гледале ова видео.

@agirlandadoodle I can’t compete #dogs #dogtok #foryou #dogsoftiktok #funnydog ♬ Monkeys Spinning Monkeys - Kevin MacLeod & Kevin The Monkey

Фото: Поранешната мис на Шведска без долна облека на црвениот тепих

Поранешната мис на Шведска низ Канскиот филмски фестивал се прошета без долна облека.

Филсмкиот фестивал во Кан е местото каде многу светски ѕвезди сакаат да се продефилираат во скапа тоалета.

Фестивалот е синоним за престиж, мода, стил и елеганција. Но, не е секогаш така.

Поранешната Плејбој зајачица и поранешна мис на Шведска, Викторија Силвстед се појави во Кан во многу провокативен фустан.

Папараците покажаа дека атрактивната Вики под фустанот не носи долна облека.

Имено, поранешната мисица не носела долна облека, а немала поим дека фустанот може да ја „издаде“.

Викторија смело им позираше на папараците. Најмногу внимание сепакпривлече длабокиот шлиц на Викторија, буквално до половината, кој во еден момент откри повеќе отколку што треба .

Фото:Секси тенисерка

Убавата руска тенисерка Виталиј Дјаченко се почесто ги радува фановите на социјалните мрежи со фотки во бикини.

„Жешката“ бринета извесно време е надвор од терените поради повреда, и поради тоа патува низ Европа, во моментов е во посета на Белград.

Убавата тенисерка секојдневно ги информира своите следбеници за тоа што прави и каде се наоѓа.

- Белград во срцето, не сум љубител на селфи во огледало - напиша таа.

Руската убавица покрај коментарот објави и неколку фотки кои ги воодушевија фановите.

Виталија на фотките е во интересен стајлинг, скоро проѕирен фустан , бикини , мрежасто здолниште....

Макрон се согласи на дебата со Марин Ле Пен пред изборите за Европскиот парламент, таа одби

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изрази подготвеност за дебата со лидерката на екстремната десница, Марин Ле Пен, пред изборите за Европскиот парламент на 9 јуни, каде што „се доведува во прашање судбината на Франција“.

„Ако мислиме дека станува збор за избори на кои во прашање е дел од судбината на Франција, за што веруваме, јас сум на располагање“, рече Макрон во интервју за весникот „Паризиен“.

Марин Ле Пен минатата недела изјави дека со задоволство би имала дебата со Макрон, но под услов тој да поднесе оставка и да го распушти парламентот. Таа денеска го повтори тоа барање и додаде дека е подготвена за дебата, но дури по изборите, во септември.

притисни ентер