Претрес во кабинетот на Курц, осомничен е дека им плаќал на медиумите

Австрискиот канцелар Себастијан Курц и неговите најблиски соработници се осомничени дека плаќале пари од даночните обврзници на медиумите за да објават позитивни написи за Курц и неговата партија, соопштиле денеска обвинителите.

Ова е објавено од Канцеларијата на државниот обвинител за економски прашања и корупција (ВКСТА) во Виена, откако извршиле неколку претреси, вклучително и во канцеларијата на премиерот Курц и просториите на неговата Австриска народна партија (ОеВП).

Според истражителите, постои сомневање дека агенциите за истражување на јавното мислење биле платени со „исклучиво партиски мотивирани, понекогаш наместени анкети“ со пари од Министерството за финансии во интерес на Курц.

Покрај тоа, јавните пари биле искористени за плаќање реклами во еден медиум.

OeVP и осомничените медиуми ги негираат обвинувањата.

„Дер Стандард“ претходно објавил дека договорот за рекламирање и соработка вредел 1,3 милиони евра.

МВР: Врховен судија е фатен со 10.000 евра мито, неофицијално тоа е Наќе Георгиев

Судија на Врховниот суд денеска е приведен откако бил фатен со 10 илјади евра... Случајот го потврдија од МВР.

Денеска е лишен од слобода е судија од Врховен суд поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело ,,Примање награда за против законито влијание".

Судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело.

Се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител. – велат од МВР... Според информациите во дел од медиумите, станува збор за судијата Наќе Георгиев кој ветувал олеснителни околности за поранешен функционер.

Вооружени напаѓачи пукале во фудбалери ан Марсеј- сакале да им ги украдат автомобилите

Фудбалерите на Марсеј, Бамо Меите (22), Фарис Мумбањ (23) и Жан Онана (24) биле жртви на обид за вооружен грабеж при враќањето дома по победата во лигата против Ле Авр (2:1).

Маскирани и вооружени напаѓачи ги пресретнале на излезот од тренинг центарот на клубот и се обиделе да им ги земат автомобилите.

Триото од Марсеј се обидело да побегне со своите автомобили, а потоа напаѓачите почнале да пукаат кон нив. За среќа никој не е повреден, повеќето куршуми ги промашиле не само играчите туку и болидите. Полицијата при вештачењето пронашла две дупки на возачката врата на едното возило и една дупка во багажникот на другото.

Обвинителството во Марсеј нареди истрага, а по непознатите напаѓачи се уште се трага. Да потсетиме, фудбалерите на Марсеј непосредно пред нападот завршија многу слаба сезона за својот клуб. Нивната позиција во шампионатот не обезбеди настап во Европа следната сезона, заостануваа само еден бод зад Ленс, кој ќе игра квалификации за Конференциската лига.

„Гугл“ ќе вложи една милијарда евра во проширување на центарот за податоци во Финска

„Алфабет“, матичната компанија на американската технолошка корпорација „Гугл“, денеска најави дека ќе вложи една милијарда евра во проширувањето на главниот центар за податоци во Финска.

Главната причина за проширувањето е лесниот пристап до зелената енергија на локацијата Хамина, јужна Финска. Претходно „Гугл“ се обврза дека до крајот на деценијата сите канцеларии и центри за податоци ќе се напојуваат од обновливи извори на енергија.

„Гугл“ исто така планира да работи со локална комунална компанија и вишокот топлина од центарот за податоци да го пренасочи во системот за загревање на домаќинствата во Финска.

притисни ентер