Претседателот на ДУИ, Али Ахмети инаугурира уште една сензорска училница

Последователно, денес во градинката во Чаир, Али Ахмети пушти во употреба уште една сензорска училница за децата со посебни потреби кои се дел од ова градинка.

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција г-дин Али Ахмети продолжи со проектот кој се реализира под негово покровителство и во соработка со претприемачи и донатори од земјата за овозможување на сензорски училници во јавните училишта за децата со посебни потреби.

Последователно, денес во градинката во Чаир, Али Ахмети пушти во употреба уште една сензорска училница за децата со посебни потреби кои се дел од ова градинка.

Грижата на г-дин Али Ахмети и Демократската Унија за Интеграција за децата со посебни потреби е континуирана и до денес се инаугурирани 4 сензорски училници, додека проектот ќе продолжи и во други училници и во други општини. /МИА

Германскиот Управен суд прифати десничарската АфД да биде ставена под надзор

Сојузниот управен суд денеска пресуди дека Германската разузнавачка агенција има право да ја стави под надзор екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) поради потенцијален екстремизам и во исто време ја одби жалбата на таа партија

Судот во Минстер, во покраината Северна Рајна-Вестфалија, утврди дека има доволно правна основа за ваквото означување на АфД, нагласувајќи дека тој чекор не води неизбежно до тоа партијата да биде означена како докажан случај на десниот екстремизам.

Судот соопшти дека нема индикации дека разузнавачката агенција дејствувала со несоодветни политички мотиви.

Со таа пресуда во корист на разузнавачка агенција на Германија, судот ја потврди претходната одлука на понискиот суд од Келн од 2022 година.

АфД го отфрли таквото толкување и го оцени како политички обид за дискредитација на партијата. Членот на нејзиното национално раководство, Роман Реуш, рече дека партијата ќе поднесе жалба. /МИА

Продолжува потрагата по исчезнати по разорните поплави во Авганистан

Продолжуваат напорите за пребарување и спасување на исчезнатите лица по големите поплави што го погодија северен Авганистан во петокот, изјавија денеска претставници на локалните власти за ДПА.

Некои области првично беа тешко достапни поради уништените патишта.

Агенциите на ОН и авганистанското Министерство за бегалци соопштија дека загинале најмалку 315 луѓе. Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (ОЦХА) соопшти дека речиси 9.000 домови биле уништени или оштетени.

Екстремните временски настани како поплави и суши се во пораст во Авганистан. Експертите за ова ја обвинуваат климатската криза.

По децении војни и конфликти, земјата е лошо подготвена да се справи со последиците од климатските промени.

Земјата сè уште закрепнува од повеќекратните земјотреси претходно оваа година и големите поплави во март. /МИА

Шпанецот Ираола останува тренер на Борнмут

Премиерлигашот Борнмут објави денеска дека го продолжи договорот со тренерот Андони Ираола до лето 2026 година.

Ираола седна на клупата на Борнмут тимот минатото лето. За тоа време, клубот под негово водство одигра 43 натпревари, запишувајќи 17 победи, девет нерешени и 17 порази.

На едно коло до крајот на премиерлигашката сезона, Борнмут е на 11. место.

Ираола е еден од стратези во Премиер лигата кои се во конкуренција за наградата најдобар тренер на сезоната./МИА

притисни ентер