Претседателот на МКФ Димевски на иста релација со македонските кошаркари кои најавија бојкот на репрезентацијата

Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Даниел Димевски, е на иста релација со кошаркарите кои денеска најавија дека ќе ја бојкотираат репрезентацијата на Македонија.


Ваквата реакција уследи откако Здружението на кошаркари во Македонија, утринава преку соопштение најави бојкот од страна на репрезентативците кон националниот тим, по што беше остварената и средба со раководството на федерацијата.

- Ја разбирам загриженоста на домашните играчи погодени од новото правило за настап на шест странски играчи и во целост го делам нивното мислење дека тоа правило долгорочно може да нанесе сериозна штета, најмногу на идните потенцијални репрезентативци, се вели во соопштението упатено до јавноста од страна на претседателот на МКФ Димевски.

Иако препораката на Стручниот Совет при МКФ, речиси беше идентична како и барањето на играчите, сепак мнозинството на клубови немаа слух и разбирање за ситуацијата, па го изгласаа правилото за шестмина странци без никакво ограничување, меѓу другото пишува во соопштението.

Сепак радува фактот што повеќето од клубовите, свесни за деликатноста на проблемот, искажуваат спремност за дебата и преиспитување на истото решение во интерес на сите инволвирани во македонската кошарка.

Димевски апелира да не се злоупотребува репрезентацијата како алатка или предмет за остварување на било чиј интерес.

- За националниот дрес се игра и се гине ако треба. На сите треба да им е јасно дека без успехот на репрезентацијата, никој не би бил тоа што е и затоа барам тоа од сите да се почитува. Очекувам од сите сериозно да ја сфатат ситуацијата. Од играчите, да ги почитуваат своите репрезентативни обврски, а со клубовите и со сите други чинители на кошарката, уште еднаш заеднички да најдеме квалитетно решение кое ќе биде во интерес и на играчите и на клубовите, а пред се, во интерес на иднината на македонската кошарка, додава Димевски.

Како ќе се развива ситуацијата останува да се види веќе утре во 10 часот во салата „Борис Трајковски“ за каде е закажана првата прозивка на играчите кои се најдоа на поширокиот список на новиот селектор Александар Џикиќ.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер